Груби: Охридскиот договор ја трансформираше Северна Македонија во клучен фактор за стабилноста на целиот Балкан

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска на „Преспа форум дијалог“ истакна дека Охридскиот рамковен договор одиграл многу важна улога во трансформацијата на Република Северна Македонија, ја направил функционална мултиетничка демократија и ја претворил во клучен фактор за стабилноста на целиот Балкан.

Тој посочи и дека улогата на меѓународната заедница во олеснувањето и спроведувањето на Рамковниот договор беше голема и многу потребна и дека без помошта на европските партнери и aмериканските пријатели, земјата тешко ќе чекореше напред.

Осврнувајќи се на договорот од Охрид пред 20 години и од Преспа пред две години, Груби рече дека е потребна поголема смелост да се стави крај на недоразбирањата отколку да се создадат нови проблеми.

Нагласи дека од реализацијата на еднаквоста на граѓаните – придобивката од Рамковниот договор, државата не изгубила ништо, туку добила многу.

– Денес сум горд што ја претставувам својата земја, Северна Македонија, и што ја бранам нашата еднаквост и нашата заедничка цел, се обидувам да докажам дека припаѓаме на евро-американското општество кога станува збор за вредностите. Мојот колега Талат гордо го води Собранието, Бујар раководи со дипломатијата на земјата, Фатмир ги раководи финансиите, најмалку петмина албански играчи гордо го носеа националниот дрес за време на Европското првенство во фудбал, г-ѓа Беса одлично раководи со Врховниот суд, итн. Ние сме поверни откако државата почна да промовира еднаквост и лојалност кон сите подеднакво. И сето тоа беше постигнато во тесно партнерство со Европската Унија, Соединетите Американски Држави, НАТО и ОБСЕ. Тоа е заедничка успешна историја што ќе ја прославиме и обележиме заедно на 13 август, истакна првиот вицепремиер.

Груби ги повика лидерите на соседните земји, но и пошироко, пример да им биде овој договор во  надминување и решавање на отворените домашни или регионални проблеми.

– Охрид длабоко ја трансформираше Северна Македонија и останува наша sвезда водилка кон иднината. Можеби, ако не беше спроведен Охридскиот договор, немаше да биде реализиран ниту Преспанскиот договор. Оваа е причината зошто ги охрабрувам, особено нашите пријатели од регионот, да ги користат  Охридскиот и Преспанскиот договор како примери за да пристапат смело кон споровите што ги имаат, бидејќи смелоста се исплатува и е гаранција за генерациите што доаѓаат, истакна Груби во обраќањето на Преспа форум дијалогот.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе