Грузиецот што го полуде фудбалскиот свет навива за Реал

Веројатно не постои играч на светскиот фудбалски пазар кој во моментов привлекува толку внимание како неверојатниот Грузиец од редовите на Наполи.

Минатото лето Хвича Кварацхелиа од Динамо од Тбилиси пристигна во Наполи во обид да се покаже пред фудбалска Европа. Наполи сезонава убедливо води во Серија А и многу веројатно дека конечно по ерата на Марадона ќе освои Скудето. Со 12 голови и неверојатни 15 асистенции, заедно со голгетерски расположениот Виктор Осимхен, младиот Грузиец и соиграч на нашиот Елиф Елмас е најзаслужен што Наполи игра така добро.

Веќе никој не зборува за канонадата голови на Ерлинг Холанд во Премиер лигата, ниту за брзоногиот Килјан Мбапе во ПСЖ, туку сега сите зборуваат за тоа дека цената на Кварацхелиа скокна на 60 милиони евра на реномираниот Transfermarkt, и јасно дека на Наполи ќе му биде страшно тешко да го задржи.

Негов менаџер е неговиот сонародник Мамука Џугели, кој за Кварадона, како што го нарекоа италијанските медиуми и навивачи, вели дека пред да дојде во Наполи сакал да заигра за Реал Мадрид, иако неговиот татко е навивач на Барселона.

„Неговиот татко и јас сме навивачи на Барселона, а Квара го сака Реал Мадрид“, вели Џугели.

„Би бил многу среќен да го видам во дресот на Барселона. Но, тој е мадридиста. Претседателот на Наполи ме замоли да не се брзам да договарам трансфер бидејќи Квара е среќен во Неапол“, додаде менаџерот.

URL

Сепак, кога менаџер јавно ќе потенцира за кој клуб навива неговиот клиент, кој згора на сѐ е на врвот на трансфер пазарот, тогаш јасно е каква порака упатува кон челниците на шпанскиот гигант.

Сега на потег е Реал Мадрид, кој за уште на лето да го донесе Кварацхелиа сигурно ќе треба дебело да искешира, оти ништо чудно до крајот на сезоната неговата цена да стане 100 милиони евра.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе