Hejt SLOVEni, još ste živi? - видеото кое ја запали екс-ју

Се сретнуваат Босанка, Србин и Хрватка... а не е виц. Магазинот BUKA сними спот претопувајќи ја интернет омразата во секојдневието.

Босанската актерка Христина Поповиќ, српскиот актер Горан Богдан и хрватската пејачка Северина се главните ликови Азра, Дуле и Јосипа во видео од минута и пол чие дејство се случува во супермаркет, а ликовите си упатуваат куп навреди на национална основа, сетоа тоа смешкајќи се како да е сосема нормално.

Remote video URL

„Напишавме стотина текстови, изработивме куп прилози и подкасти против говорот на омраза на територијата на поранешна Југославија. Овој пат решивме да се бориме против говорот на омраза како што вакцината се бори протов коронавирусот - морате дел од вирусот да ставите во вакцината за да би го уништила вирусот. Така моравме и ние да ставиме дел од говорот на омраза за да би се бореле против него“, објаснува директорот на BUKA, Александар Трифуновиќ, за BBC.

Видеото беше објавено на YouTube на 10-ти овој месец и досега има над 825 илјади прегледи.

Магазинот BUKA е од Бања Лука, но го покрива медиумскиот простот на цела поранешна Југославија.

„Постјугословенскиот простор и натаму е чудесно поврзан. После 1990-тите дадовме сѐ од себе за да живееме во нови републики. Сепак, и понатаму помислуваме што се случува на другата страна. Ги следиме вестите едни кај други и се интересираме за целиот Балкан“, вели тој.

Зошто југословенската химна „Хеј Словени“?

„Кога одите на герила маркетинг, како што правиме ние во оваа кампања, гледате да искористите нешто кое е уште подобро избрендирано од вас - затоа ја зедовме песната 'Хеј Словени'. На тој начин еден поздрав кулминираше во хејт (од англиски hate - омраза, заб. на прев.)“, додава Трифуновиќ.

Патриотската пансловенска песна датира од 1834 година. Патриотската пансловенска песна датира од 1834 година кога ја напишал словачкиот поет Самуел Томашик за време на посетата на Прага, а повод бил Сесловенскиот конгрес во 1848 година. Во 1945 станува државна химна на Југославија и е користена и по распадот, до 2006 од страна на Србија и Црна Гора. Сега, послужи како идеја за опис на разговорот кој е настанат речиси два века подоцна, но на социјалните мрежи.

Remote video URL

„Хеј Словени“ во својот наслов има поздрав, но творците на оваа кампања на тој поздрав му додадоа една буква за го доловат говорот на омраза кој е силно застапен на териториите на поранешната држава.

Режисерот на спотот, Предраг Личина, синоќа гостуваше во „Утрински брифинг“:

Remote video URL
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе