Huawei, Samsung, Motorola: Што значи името на вашиот телефон?

Дали некогаш сте се прашале што се крие зад името на вашиот омилен технолошки бренд?

Наведуваме само некои од најпопуларните производители, па пишете ни во коментарите доколку некој бренд што ве интересира не е на списокот.

Xiaomi - просо/ориз

Да, добро прочитавте. Името на популарниот кинески бренд се однесува на просо или ориз, во зависност од контекстот. Како што објасни извршниот директор на оваа компанија во 2011 година, симболиката потекнува од будизмот и изреката „За будист, зрно ориз е поголемо од цела планина“. Тоа исто така ја означува желбата на Xiaomi да направи нешто големо од малите нешта.

Huawei - „Кина може“

Основачот на Huawei, Рен Џенгфеј, во едно интервју изјави дека името потекнува од графит што случајно го видел на ѕид. Во него се вели „zhonghua youwei“, што може да се преведе на неколку начини, но суштината е иста - „Кина ветува“, „Кина може (да го направи тоа)“, „достигнувања на Кина“, „голем успех“.

Во слободен превод: zhonghua = Кина и youwei = ветување. Со скратување и прилагодување на овие два збора, го добиваме името Huawei.

Nokia - река и град во Финска

За да не навлегувам во многу детали, Nokia како компанија постои уште од 19 век. Тука нема скриени значења - го доби името според градот Нокиа на југот на Финска, каде што се наоѓа реката Нокианвирта. Претпоставувате - токму во тој регион е основана компанијата.

Sony - комбинација од латински и англиски

Кога компанијата Tokyo Tsushin Kogyo (Tokyo Telecommunications Engineering Corporation) реши да ги премине границите на Азија, на почетокот тие сакаа да ги користат само иницијалите - ТТК. Сепак, тие го избраа зборот „Sony“ од две причини.

Прво, од латинскиот збор „Sonus“ водат корен зборовите „сонично“ и англискиот „sound“ (звук), па Sony тргна од тој сегмент, произведувајќи транзистори, звучници итн. Второ, зборот „sonny“ во 50-тите години на минатиот век во САД значеше млад човек или момче - целна група и целен пазар на компанијата.

Samsung - три sвезди

Основачот на Samsung, Ли Бјонг-чул, сакаше неговата компанија да го носи името на корејскиот збор за „три ѕвезди“, бидејќи сакал таа да расте и еден ден да биде голема и светла како ѕвездите на небото.

Apple - јаболко

Бидејќи станува збор за англиски термин, повеќето луѓе немаат проблем да погодат што значи Apple. Сепак, веројатно има помалку луѓе кои знаат зошто Apple го добила ова име. Стив Џобс е одговорен за името, а го смислил кога бил на диета со овошје, бидејќи сметал дека звучи „забавно, продуховено и воопшто не е застрашувачки“.

Motorola - „Motorcar“ + „Victrola“

Името Motorola настана така што Пол Галвин, основачот на компанијата од која подоцна произлезе Motorola, сакал ново име за автомобилски радија.

Така, тој ги комбинирал двата збора „motorcar“, што значи автомобил, и „Victrola“, име поврзано со некогаш популарната фабрика за аудиокомпоненти (фонографи и слично), компанијата Victor Talking Machine Company.

реклама

Порно ѕвезда ги открива најголемите лаги за индустријата за возрасни

Read more

Нема бегање од летачката рака на законот: Дронот гледа сѐ

Read more

Страшно невреме во Италија, град уништи стотици автомобили

Read more

Сите очи во Токио денеска беа вперени во Русинката Ангелина

Read more

Мобилни

Рендерите го открија изгледот на Motorola Edge 20, Edge 20 Pro и Edge 20 Lite

Read more

Што ново ќе донесат Samsung Galaxy Z Flip 3 и Z Fold 3?

Read more

Ова се новите Nokia XR20 и Nokia 6310

Read more

Ова е најмалиот телефон во светот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Телескопот Hubble откри докази за испарување на вода на месечина на Јупитер

Читај повеќе

Рендерите го открија изгледот на Motorola Edge 20, Edge 20 Pro и Edge 20 Lite

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Луѓето загадуваат, а паметен робот ќе им ги чисти плажите од отпушоци

Читај повеќе
  • play_arrow

Мозочен имплант овозможи парализирано лице да „изговори“ цели реченици

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 нови видеоигри во август 2021

Читај повеќе

Што ново ќе донесат Samsung Galaxy Z Flip 3 и Z Fold 3?

Читај повеќе

Рускиот модул на МВС изгоре во атмосферата, ќе го замени „Наука“

Читај повеќе
  • play_arrow

Италијанското МНР преку игрица ќе го промовира туризмот

Читај повеќе

Антителата по втората доза на Sinovac ослабуваат по шест месеци

Читај повеќе