Hyundai го претстави тркачкиот Ioniq 5 N eN1 Cup Car

Четири месеци откако Hyundai го објави својот автомобил за трки само за патека Ioniq 5 N eN1 Cup, јужнокорејскиот гигант сега го претстави овој нов автомобил.

Од Hyundai велат дека овој модел претставува почеток на нова ера во одржливите трки и иако ги дели повеќето компоненти со моделот за патишта, тркачката верзија носи голем број важни подобрувања.

Како што е случајот со патничкиот модел, автомобилот Ioniq 5 N eN1 Cup е базиран на платформата E-GMP на Hyundai и има батерија од 84 kWh со електрична архитектура од 800 волти. Има електромотор кој развива 226 КС напред, додека пак има електричен мотор одзади кој испорачува 383 КС. Во комбинација, овој систем нуди 650 КС. Батеријата се полни од 10 до 80% за само 18 минути.

Автомобилот е опремен со прилагодливи амортизери кои можат да го прилагодат наклонот на тркалата и висината на автомобилот. Има клешти со 6 клипови напред и со 4 во задниот дел. Моделот има сет од 18-инчни ковани бандажи специјално развиени за него, додека бандажите се опремени со масни гуми од 18 инчи за максимално држење.

Значително е променета и аеродинамиката, која вклучува нови проширени лакови на тркалата, поизразен преден лип спојлер, како и задно крило. Хаубата е направена од FRP, а вградени се и поликарбонатни прозорци. Интересно е што системите N Grin Boost, N e-Shift и N Active Sound на патничкиот автомобил се задржани, но тимовите исто така ќе можат да создаваат свои звуци за електричниот автомобил.

Безбедносните подобрувања вклучуваат заштитен кафез заварен во повеќе точки, корпи, безбедносни појаси со 6 точки, систем за гаснење со висок напон, предупредувачки индикатор за висок напон, систем против пожар и преместена порта за полнење.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Авто новости

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Read more

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Read more

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Read more
 

Автомобили

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Читај повеќе

ЕУ има нов план за камионите: Ова е најамбициозниот проект во светот

Читај повеќе
  • filter

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Читај повеќе

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Читај повеќе