И Америка потврди: Рускиот „Циркон“ може да донесе пресврт во војната

Иако оружјето сè уште е во развој, се верува дека ќе биде подготвено за употреба дури подоцна оваа година.

Руското Министерство за одбрана во текот на викендот соопшти дека руската морнарица ја тестирала својата хиперсонична крстосувачка ракета со долг дострел „Циркон“, смртоносно оружје што сè уште е во развој, а американскиот портал Newsweek објави дека тоа е оружје што може да го промени текот на војната во Украина кога ќе биде претставено подоцна оваа година.

Министерството во саботата објави дека фрегатата „Адмирал Горшков“ на Северната флота ја лансирала крстосувачката ракета „Циркон“ во Баренцовото Море на Арктикот, погодувајќи цел за вежба во Белото Море, во близина на северозападниот брег на Русија, на околу 540 наутички милји.

„Ракетата беше испалена како дел од тестирањето нови видови оружје. Според податоците на објективната контрола, хиперсоничната крстосувачка ракета ‘Циркон’ успешно погодила морска цел на оддалеченост од околу 1.000 километри. Летот на хиперсоничната ракета одговарал на наведените параметри“, се вели во соопштението.

Изјавата беше придружена со видео од 30 секунди на кое се гледа како ракетата лансира од една од најновите руски фрегати и пука кон небото, оставајќи трага од чад.

Remote video URL

Кина, САД и Русија се натпреваруваат за развој на хиперсонични ракети. Хиперсонична ракета може да патува пет пати побрзо од брзината на звукот. Брзината на звукот варира во зависност од условите низ кои се движи звукот - но научниците имаат тенденција да го мерат преку сув воздух на 20 степени Целзиусови, што е околу 1.200 километри на час, според Newsweek.

Сепак, рускиот претседател Владимир Путин рече дека „Циркон“ може да лета со брзина од 9 Mach - деветпати поголема од брзината на звукот - и има домет од 1.000 километри на час.

Иако оружјето сè уште е во развој и се верува дека ќе биде подготвено за употреба подоцна оваа година, најверојатно значително ќе го промени текот на украинската војна бидејќи може да се распореди на руски крстосувачи, фрегати и подморници и може да се користи и против копнени, и против цели во морето.

Ракетите можат да бидат насочени кон цели од голема далечина и не можат да бидат пресретнати од ниту еден сегашен систем за противракетна одбрана, велат руските власти.

Newsweek контактираше експерти за одбрана за коментар. Русија го спроведе второто пробно лансирање на „Циркон“ во текот на минатата година. Од почетокот на војната на 24 февруари, Русија тестираше неколку нови оружја, вклучително и РС-28 Сармат или „Сатана II“, интерконтинентална нуклеарна ракета за која властите велат дека може да носи 10 или повеќе боеви глави и има дострел да ги погоди САД.

Путин рече дека Сармат ќе ги принуди странските противници на Москва да „размислат двапати“, додека Алексеј Журављов, претседател на националистичката политичка партија Родина, на руската телевизија во април изјави дека „една ракета Сармат е доволна веќе да ги нема британските острови“.

Некои одбранбени експерти веруваат дека Путин би можел да прибегне кон употреба на нуклеарно оружје доколку почувствува дека војната е изгубена.

Додека руската армија трпи големи загуби во тешката војна во Украина, руските политичари предупредуваат на заканата од нуклеарна ескалација. Руската армија се обиде да ја преземе контролата врз главниот град Киев на почетокот на конфликтот, но наиде на жестоко противење од украинската армија. Борбите сега се концентрирани во источниот регион Донбас.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе