И за Англија во продажба неубави карти - до кога Македонија ќе има најгрди карти во Европа?

Со години за натпреварите на фудбалската репрезентација на Македонија во продажба излегуваат грди карти без душа, без ништо што ја идентификува репрезентација и речиси црно-бели. Македонските навивачи купуваат едни од најнеубавите фудбалски карти во Европа, за што потврдуваат и колекционерите на овие вредни парчиња хартија.

Во понеделникот беа пуштени во продажба картите за натпреварот Македонија - Англија (20 ноември, 20:45). Од утрината се создадоа редици пред продажните места каде љубопитните фудбалски фанови чекаа за да дојдат до тоа толку посакувано парче хартија.

А, тоа парче, исто како и за натпреварите изминативе години. Грдо и никакво, речиси црно-бело.

Еве како изгледа картата за Македонија - Англија:

Фото: Анѓел Јанков (претседател на ФК Слободен Аеродром)

Кратата не изгледа поразлично од картите за претходните натпревари, освен името на противникот и датумот. Има и мапа на стадионот која ни со лупа не можете да ја прочитате.

Еве како изгледаа картите изминативе години:

(Фотографиите се од приватната колекција на авторот на текстот.)

Македонија - Италија 2023
Македонија - Украина 2023
Македонија - Финска 2023
Македонија - Италија 2017
Македонија - Албанија 2017
Македонија - Шпанија 2017

Тоа се карти од 2023 и од 2017 година.

Но, ваквите карти не се само за фудбалските натпревари за репрезентацијата. Картите и за другите настани не се воопшто поинакви.

Еве на пример како изгледа картата за музичкиот фестивал Таксират 2023:

Ајде да ги споредиме картите од натпреварите против Италија во 2017 и 2023 година за да видиме што се променило за цели 6 години!

Италија 2017

Италија 2023

Па, логото на Италија е различно оти скоро го сменија.

Колекционерот на карти од Тетово, Павле Симовски, инаку спортски новинар и голем фан на македонската фудбалска репрезентација, често разменува карти со странски колекционери. (На стана 3 е дел од неговата колекција.) Според него, странските колекционери имаат многу ниско мислење за македонските карти.

„Странските колекционери велат дека картите ни се мизерни, дека ние и Албанија имаме најгрди карти во цела Европа. Албанските карти во последно време ги користи и Косово, па и тие се во овој кош. Македонија дефинитивно изминативе години ги има најгрдите карти во Европа, а сигурно и пошироко“, разочарано вели Павле кога го замоливме за коментар. 

Што вели ФФМ?

Фудбалската федерација на Македонија одамна не ги печати картите во своја режија, туку ангажира фирма за оваа намена. И тука лежи проблемот - затоа картите се бездушни, исти како за концерти и разни други настани.

Се јавивме во ФФМ за да ги прашаме до кога им е договорот со MKTickets, фирмата која ги издава картите, за да знаеме кога ќе ги откачат и кога македонските навивачи (и странските!) конечно можеби ќе добиваат карти што личат на нешто. Но, не ни дадоа конкретен одговор.

Од ФФМ ни кажаа дека MKTickets имале специјална хартија набавена од Хрватска на која ги печателе картите и која била со заштита од фалсификување и дека до трошење на големите залихи немало да има нови карти. Тоа секако не е никакво оправдување за крајно лошиот изглед.

реклама

Tрик што ќе ви помогне како да изберете блага лубеница

Read more

Што му предвидува викенд хороскопот на вашиот знак?

Read more

Како да добиете интернет на плажа во Грција за само 10 евра за 7 дена?

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Теми и коментари

Како менталитетот на „кисело грозје“ ја затупи мојата генерација?

Read more

Кога менструацијата станува луксуз: Борбата за менструална правда во Македонија

Read more

Насилството врз мажи во партнерска врска не е шега

Read more

Божиќ или Божик?

Read more
 

Ново

ЦУК: 35 пожари низ државата во изминатото деноноќие – четири сè уште активни

Читај повеќе
  • filter

19 јули 1900, отворено било Париското метро

Читај повеќе
  • play_arrow

Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Читај повеќе

Полска забрани пушење на сите видови цигари на работно место

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија и Украина со жестоки меѓусебни напади изминатата ноќ

Читај повеќе

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, од утре многу топло време

Читај повеќе

Што му предвидува викенд хороскопот на вашиот знак?

Читај повеќе

Полска ја криминализира пропагандата на комунистичката идеологија

Читај повеќе
  • filter

Мелис, Мира и Малахат – тројката родена во Жан Митрев Клиника заминува дома

Читај повеќе