Ибра ја бара жртвата за јубилејниот 500-ти гол

Златан Ибрахимовиќ го чека својот гол број 500 на клупски план, а наредни противници му се три клуба против кои никогаш не погодил.

Кротоне, Специја па Црвена звезда - тоа се наредните три противници на Милан во Серија А и Лига Европа. Против овие три клуба Златан никогаш во својата долга кариера нема постигнато гол. Сега е на бројката од 499 голови на клупски план во сите официјални натпревари, па се бара среќниот клуб против кој ќе го прослави јубилејот.

Швеѓанецот досега има играно против околу 250 екипи, а на повеќето од нив и им ги затресол мрежите. Импресионантна бројка, нема што. Но, Кротоне и Специја ја немаат таа чест да бидат на листата на клубови од Серија А на кои Ибра им дал гол.

Ибрахимовиќ најмногу натпревари одиграл против Рома, дури 20. А, пак, вистински кошмар е кога се појави на теренот на натпревар против Сент Етјен, клуб на кој му забил 17 голови. По овој француски клуб следуваат Рома и Палермо на кои им дал по 12 голови, потоа Марсеј и Ница по 11, Интер, Парма и Бастија по 10.

И во репрезентацијата беше ефективен. На 116 натпревари има постигнато 62 гола, а најмногу страдала Малта на која ѝ има дадено 6 голови. Ако некој рече дека Малта е слаба, тогаш еве друг податок - на Англија ѝ има дадено 5.

Но, има клубови и репрезентации против кои на Ибра едноставно не му оди. Во 4 натпревари против Ирска и Латвија не успеал никогаш да постигне гол, додека на клупски план 3 натпревари одиграл против Тотенхем и Селтик и никогаш не погодил. На својот сегашен клуб Милан му има дадено 2 гола, но дури од 12 натпревари.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Фудбал

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Read more

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Read more

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе