Ибра тешко издржува во пензија: Можеби ќе се вратам на терен

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ се прости од фудбалот во последното коло од Серија А на крајот на мај, но изгледа како веќе да му здосади пензијата.

Изминатава сезона ретко играше за Милан бидејќи го мачеа повреди, а ни на простувањето не заигра, туку само излезе на теренот со едно емотивно обраќање кон навивачите објавувајќи дека се повлекува.

Сега, еден месец откако е во заслужена пензија, почна да најавува враќање во фудбалот.

„Не се брзам, ќе видиме што ќе се случи. Поминаа само три недели откако се пензионирав. Можеби ќе се вратам на терен... Можеби за неколку месеци повторно ќе бидам во тренинг-центарот на Милан. Благодарен сум им на сите што сакаат да ме видат во Милано, макар и како тренер“, изјави Ибрахимовиќ за Calciomercato.

Ибра за Милан играше 5 и пол години, одигра 169 натпревари, постигна 93 гола и исвои две Скудета и еден домашен Суперкуп.

Кариерата ја почна во Малме, а потоа преку Ајакс направи кариера во Јувентус, Интер, Барселона, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Лос Анџелес Галакси. Лигашки титули има и со Ајакс, Јуве, Интер, Барса и ПСЖ. Со Јунајтед ја освои Лига Европа.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе