Идеална за ужина: Една храна помага при ситост и слабеење

Ф.З.
/ 17.01.2024 / 17:53

На почетокот на новата година многу луѓе си поставуваат некои нови цели кои планираат да ги исполнат, а една од најчестите цели секако е слабеењето. Овој процес е многу напорен, па затоа е добро да знаете што може да направите за да си помогнете да изгубите тежина.

Докторката и професорка по нутриционизам Сара Бери откри една храна која сите можеме да ја грицкаме за да изгубиме тежина и да ја намалиме желбата за храна.

Имено, студијата спроведена на Кралскиот колеџ во Лондон покажа дека следењето на здрав начин на живот во текот на 18 недели резултира со помал струк, намален крвен притисок и подобрени масти во крвта. Така, д-р Бери открила дека консумацијата на бадеми играла многу важна улога во ова истражување.

„Здравиот оброк секогаш ќе биде добар за вас, но резултатите од студијата покажуваат дека луѓето ги поништуваат придобивките од хранливите оброци со јадење нездрави грицки како чипс и бисквити. Така, ако ги замените со поздрави грицки ќе му користи на вашето тело“, објасни таа.

Една шака бадеми содржат здрави влакна и маснотии, и иако се богати со масти, тие не се апсорбираат на ист начин како и другите намирници со висока содржина на масти. Бери објасни дека истражувањата покажале дека при консумирање на бадеми се излачуваат околу 30% од калориите поради таканаречената структура на бадемите, така што тие се одлична ужина.

Тим Спектор, професор по генетска епидемиологија на Кралскиот колеџ во Лондон, кој го водел истражувањето, исто така предупреди на штетата што ултрапреработената храна ја има на нашиот струк. Храната обично се класифицира како ултраобработена ако содржи пет или повеќе состојки кои не се сметаат за состојки за готвење. Ова вклучува засладувачи, бои, конзерванси и емулгатори.

реклама

Фит

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе