Идентификувани гени кои го зголемуваат ризикот од депресија

Ново истражување откри 178 гени поврзани со тешка форма на депресија. Ова е досега најголемото истражување за врската помеѓу геномите и депресијата.

 

Иако се проценува дека повеќе од 200 милиони луѓе ширум светот имаат депресивни нарушувања, состојбата што ги предизвикува сè уште не е целосно разбирлива. Научниците сè повеќе се свртуваат кон проучување на генетиката. Направена беше анализа на здравствените картони на повеќе од 300.000 луѓе со цел да забележат генетски сличности, односно обрасци кај луѓето погодени од депресија.

„Многу години знаеме дека ризикот од депресија е генетски определен. Се разбира, тоа може да биде предизвикано и од трауматски настани, но ние неодамна започнавме да ги идентификуваме специфичните гени на ризик и нивните варијанти“, рече Џоел Гелернтер, професор по психологија на Медицинскиот факултет Јеил и еден од научниците кои учествуваа во споменатото истражување.

Ваквите откритија можат да им помогнат на научниците подобро да ги утврдат биолошките корени на депресијата. Тие се надеваат дека овие резултати еден ден можат да помогнат во:

  • Утврдување кој дел од населението има најголеми шанси да почне да страда од депресија
  • Утврдување кој би имал корист од раната интервенција
  • Развој на лекови и дизајн на подобри терапии

Истражувањето беше објавено во списанието Nature Neuroscience минатиот месец. На него присуствуваа научници од Медицинскиот факултет Јеил и Универзитетот Калифорнија-Сан Диего. Како што веќе споменавме, тие спроведоа мета-анализа на здравствени досиеја на повеќе од 300.000 луѓе.

Откриле 178 специфични делови од геномот, познати како локуси, кои се поврзани со ризик од депресија. 77 од нив беа целосно нови локуси кои претходно не беа идентификувани. Студијата исто така откри 223 специфични варијации на ДНК блокови, наречени единечни нуклеотидни полиморфизми или СНП.

„Секој ген поединечно го зголемува или намалува ризикот. Значи, постојат многу варијанти, од кои секоја малку ве предиспонира. Едноставно кажано, ефектите од различни форми на ризик можат да се комбинираат и да ве изложат на поголем ризик“, вели Гелернтер.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Здравје

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more
 

Магазин

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе