КОНМЕБОЛ КОПА ЛИБЕРТАДОРЕС 2021

Играчите на Бока се тепаа со полицијата откако загубија поради ВАР контроверзија

Немили сцени се случија ноќеска во осминафиналето од Копа Либертадорес каде Бока Жуниорс доживеа елиминација.

Контроверзна одлука на ВАР судиите го одбележа натпреварот помеѓу бразилски Атлетику Минејру и аргентинскиот гигант Бока Жуниорс, што на крајот резултираше со тежок инцидент.

Откако натпреварот во Буенос Аирес пред една недела заврши без голови, истиот резултат се повтори и ноќеска, па пенал-рулетот го одлучи четврфиналниот патник. Играчите на Бока успеаја да промашат дури три пенала иако Атлетику прв почна со утка, за потоа да слави со 3:1.

Но, во 63. минута Бока постигна гол преку Марсело Вејнгант, гол кој беше поништен поради офсајд по интервенција на ВАР собата.

Remote video URL

По завршувањето на натпреварот, гостите од Аргентина бесни на елиминацијата, која според нив е контроверзна бидејќи постигнале регуларен гол, се упатија кон собата на судиите во подтрибинскиот простор, па попат се судрија со полицијата.

URL

Еден од најбесните во тунелот беше поранешниот латерален бек на Манчестер Јунајтед, Маркос Рохо, кого заедно со целиот клуб сега го очекува сериозна казна.

URL

Аргентинците обвинуваат дека полицијата употребила солзавец врз играчите и членови на стручниот штаб.

URL

Прашан дали судиите одиграле клучна улога во исходот на натпреварот, играчот од средниот ред на Бока, Диего Гонсалес, вели:

„Без сомнение, сите можеа да го видат тоа. Постигнавме добар гол, а факт е и дека заслуживме да победиме и на првиот натпревар. Ова боли, тешко ни е. КОНМЕБОЛ мора да поработи на судењето“.

URL

„Тотално фер заслуживме да победиме на двата натпревара, а сепак сме елиминирани. Тешко е кога едноставно не сакаат да ти ги признаат головите. Ова загрижува, наводно ВАР е тука за да има поголема правда, а не за да мами. Натпреварувањето е многу убаво, но ова е неправда. Вака, Копа Либертадорес не е ниту серозно ниту фер натпреварување“, вели клупската легенда Хуан Роман Рикелме.

Атлетику во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Архентинос Жуниорс и Ривер Плејт. Бока на титула во ова натпреварување чека од 2007 година.

Копа Либертадорес е јужноамерикански пандан на европската Лига на шампиони и згора на тоа е многу постаро натпреварување.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе