ИЈЗ: Зголемен бројот на заболени и починати од COVID-19

Скопје, 14 октомври 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 5 до 11 октомври, вкупно се тестирани 13.028 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 или 32,5 отсто повеќе во однос на претходната недела.

Регистрирани сe 2.243 нови позитивни случаи од 33 града во државата, што претставува зголемување од 86,5 отсто во однос на претходната недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1155; 51,5 отсто), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија – 215,1/100.000.

Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 17,2 отсто или 5 отсто повеќе во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=456, 20,3 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=440; 19,6 отсто), 20-29 (n=414; 18,5 лотсто), над 60 (n=405; 18,1 отсто) и 50-59 (n=343; 15,3 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=53; 2,4 отсто) и 10-19 години (n=132; 5,9 отсто).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1.347; 60,1 отсто), регистрирани се 94 (7,1 отсто) хоспитализирани, а кај 319 (23,7 отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 513 (38,1 отсто) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 22 (1,6 отсто) лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 815 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29 повеќе споредено со претходната недела.

Пријавени се 31 смртен случај од 15 градови, за еден повеќе од претходната недела. Во однос на возраста, 26 лица биле над 60 години, а 4 лица на возраст од 50-59 години. Само едно лице е од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 24 починати лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со COVID-19 за периодот од 5-11.10.2020г., како и Кумулативната состојба со COVID-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/.

реклама

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе