IKEA и Volkswagen ја прекинуваат работата во Русија и Белорусија

Шведската компанија IKEA и германскиот производител на автомобили Volkswagen денеска соопштија дека ќе ја прекинат работата во Русија, поради нападот на таа земја врз Украина.

IKEA соопшти дека привремено ги напушта пазарите на Русија и Белорусија и дека ќе одвои околу 41 милион долари за помош на бегалците од Украина.

„IKEA ја прекинува работата во Русија и Белорусија. Покрај тоа, IKEA и Фондот на IKEA ќе донираат повеќе од 400 милиони шведски круни во добротворни цели за да им помогнат на оние кои беа принудени да ја напуштат Украина поради војната“, се вели во соопштението.

Од IKEA изјавија дека работните места и платите на вработените ќе бидат зачувани, а на нивните семејства ќе им пружат секаква поддршка.

Германскиот производител на автомобили Volkswagen соопшти дека ќе го прекине производството на возила во Русија.

Компанијата на Twitter објави дека извозот на нејзините возила во Русија веднаш ќе биде прекинат.

Volkswagen наведе дека „многу сериозно ја сфаќа одговорноста за работниците во Русија погодени од овие мерки“ и додаде дека на сите ќе им исплати надомест за скратено работно време.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more
Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Read more
Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе