Илјадници царски пингвини угинаа во 2016 година, сега се најдени четири нови колонии

Научници открија четири нови колонии на царски пингвини на Антарктикот со помош на сателити, а сега бројот на познати групи во областа се зголеми на 66.

Ова е исклучително важна информација за експертите кои го следат видот, кој е во зголемени проблеми поради климатските промени .

Имено, царските пингвини се додворуваат, се парат, несат јајца и одгледуваат млади на морскиот мраз поврзан со брегот, таканаречен врзан мраз. Врзаниот мраз (fast ice) е прицврстен за брегот, се протега кон морето и останува на истото место во текот на целата зима. Може да исчезне во летниот период и повторно да се формира подоцна.

Но, во делови од Антарктикот, поради климатските промени, овој вид мраз е намален, што може да има долгорочни последици за царските пингвини. Патем, тоа е најголемиот вид пингвини (високи се над 1 метар). Овие животни живеат во екстремни услови, а во екот на зимата на Антарктикот се собираат за да се размножуваат.

Нивните колонии се просечно оддалечени околу 250 километри.

„Добро е што, и покрај климатските промени, сè уште наоѓаме колонии на царски пингвини. Но, јасно е дека овие птици ќе мора да се прилагодат, да се преселат во нови околни области. Веќе гледаме докази за тоа“, рече Питер Фретвел од организацијата British Antarctic Survey (BAS), како што објави BBC.

Имено, сателитски податоци покажуваат дека две од четирите новооткриени колонии го промениле своето „живеалиште“. Овој метод за следење на пингвините се покажа како многу ефикасен, особено ако се земе предвид големината и растојанието на Антарктикот.

На сателитски снимки, колониите може да се препознаат по бојата на изметот на белиот мраз. Ако има доволно птици, оваа боја може да се види дури и од вселената.

Колонијата Халеј Беј некогаш беше втора по големина на цел Антарктик, но исчезна во 2016 година кога ситуацијата со морскиот мраз наеднаш се промени. Илјадници млади царски пингвини се удавија или замрзнаа до смрт кога се распадна мразот на кој се собираа.

Истражувањето за новите колонии на пингвини беше објавено во списанието Antarctic Science.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе