Има докази за тврдењата на Меган, на скандалот реагирала и Кејт Мидлтон

Гејл Кинг, американска ТВ-водителка и блиска пријателка на Меган Маркл, тврди дека војвотката од Сасекс има докази за сите тврдења што ги изнесе во „интрвјуто на деценијата“ кај Опра Винфри.

„Меган има документи што потврдуваат сè што рече. Сè", рече таа како гостин во емисијата CBS This Morning.

Гејл исто така рече дека принцот Хари наводно разговарал со брат му Вилијам и татко му Чарлс по интервјуто.

„Им се јавив да проверам како се и вистина е, Хари разговарал со татко му и брат му. Колку што слушнав, разговорите не биле продуктивни, но тие се задоволни што барем почнаа да зборуваат", истакна таа.

Кинг исто така рече дека „сè уште никој од кралското семејство не разговарал со Меган“.

„Ги фрустрира кога гледаат дека сега се зборува за расизмот во кралското семејство и сакаа семејството да интервенира и да ги спречи нечесните и неточни приказни кои дефинитивно имаат расистички предзнак. Додека тоа не се случи, ќе биде тешко да се придвижат работите. Двајцата сакаат такво придвижување. На крајот на краиштата, тоа е семејството на Хари“, рече таа.

URL

За потсетување, во неодамнешното интервју, кое војводата и војвотката од Сасекс го дадоа кај американската водителка Опра Винфри, беа споменати неколку интересни факти за кралскиот живот.

Меган Маркл изјави дека некои членови на кралското семејство биле загрижени за тоа каква боја на кожата ќе има нивниот син Арчи, а таа зборуваше и за фактот дека размислува за самоубиство.

По скоро два дена молк по интервјуто, се огласи Бакингемската палата, со соопштение во кое се вели дека „им е жал што Хари и Меган се повредени“, но и дека „некои настани се паметат поинаку“.

Според добро упатени извори, Кејт Мидлтон била многу повредена кога го гледала интервјуто, особено делот што се однесувал на неа.

„Кејт е многу внимателна за тоа како се однесува кон луѓето. Никогаш не сум ја чула да се кара со некого во палатата. Таа е многу внимателна во врска со односите со другите. Никогаш не сакала некое од несогласувањата со Меган да излезе во медиумите и има неколку верзии на приказната за тоа кој кого расплакал пред венчавката. Работата е во тоа што Кејт Мидлтон не е во позиција да ѝ одговори на Меган“, изјави Кејт Никол, експерт за кралското семејство.

Таа наведува дека Кејт е дискретна личност која ја почитува приватноста, па затоа ѝ е тешко да ја прифати целата ситуација.

„Мислеше дека ја решиле целата работа, па се изненади што повторно се спомнува“, вели Никол.

Омид Скоби, новинар и автор на биографијата на Меган и Хари, го анализираше делот во кој Меган ја споменува Кејт Мидлтон, приложувајќи e-mail што Меган наводно го пратила до вработените, во која таа вели „Кога веќе се расфрлаат изјави, можеби КП (Кенсингтонската палата) и ќе признае кој кого расплакал“.

Меган Маркл не зборуваше многу за деталите во интервјуто за Опра. Таа рече само дека „Кејт била вознемирена поради некои фустани“, и дека „подоцна се извинила, и сè било во ред“.

Кралицата Елизабета „постојано е на кризни состаноци“ поради интервјуто

Британската кралица Елизабета Втора не престанува да работи на подобрување на угледот на своето семејство по интервјуто на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.

Иако наводно не го гледала интервјуто, помошниците на Бакингемската палата темелно ја известиле за наводите на Хари и Меган во врска со кралското семејство.

„По интервјуто, кралицата едвај имаше време за себе, бидејќи постојано е на кризни состаноци“, изјави изворот за британските медиуми, пренесува Us magazine.

Изворот исто така вели дека кралицата „секогаш имала благ став кон Хари и се грижела за него, па затоа била неверојатно повредена и шокирана што дошло до ова“.

„Се обидува да биде разумна и да гледа на работите од перспективата на Хари, но тешко е да се прифатат наводите изнесени од принцот и Меган. Интервјуто го ‘разори’ кралското семејство“, рече изворот.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Живот

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Read more

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе