Има разлика: Дали сте љубоморни или завидливи?

Она што го имаат заедничко овие две чувства е што и двете ве јадат од внатре.

Луѓето често не прават разлика меѓу љубомората и зависта, две негативни чувства што влијаат на самодовербата и психичкото здравје. Меѓутоа, има голема разлика меѓу нив и термините често се користат погрешно.

И љубомората и зависта имаат силни негативни аспекти. Љубомората се јавува во односите меѓу блиски луѓе, а некогаш станува и извор на насилство врз партнерот, додека зависта се јавува во јавната сфера и негативно делува на општеството и го попречува личниот развој и успех, а со тоа и заедничкиот развој и успеси на заедницата.

И двете чувства се поврзуваат со зелената боја, па оттаму доаѓаат и зразите „позелене од завист“ и „позелене од љубомора“.

За љубомора потребно е да има три лица во вистинската или замислената ситуација (луѓето може да бидат љубоморни на имагинарен противник за кој замислуваат дека сака да го освои саканото лице), додека за завист доволни се двајца.

Луѓето им завидуваат на другите за успехот што според нив е незаслужен. На прв поглед зависта е желба да се поседува она што го има другиот, но на подлабоко ниво е односот кон другиот и неговиот статус во заедницата и во општеството.

Кога некој гледа дека друг е успешен во нешто, најчесто во истото поле на интереси, тој мора да се спореди со него.

Во таа споредба, завидливиот човек прво смета дека другиот е поуспешен и подобар од него, а оттука произлегува мислењето дека тој самиот е понеуспешен и полош од него. На тој начин, завидливиот човек туѓиот успех го толкува како свој неуспех.

Чувството на завист може да мотивира конкурентност за да се стигне и престигне човекот кому му завидуваме, но како многу полесна опција се избира да се дисквалификува другиот и неговиот успех како незаслужен и да се насочи енергијата на минимизирање на туѓиот успех наместо да се постигне свој.

За да се појави љубомора, мора да постои љубов од една личност кон друга. Љубомората во основа е страв дека може да се изгуби љубовта или интересот на саканата личност, најчесто заради трета личност.

За да ја заштити саканата личност, љубоморниот човек може да стане агресивен кон третата личност или да применува пасивно-агресивни методи кон саканата личност, како уценување, негодување и обвинување, или да стене претерано наклонета, за да ја докаже својата љубов и да ја угушува саканата личност со внимание.

Иако целта на љубоморниот човек е да го зачува односот на љубов, најчесто таквото однесување резултира со раскинување или развод.

Разликувањето на љубомората и зависта е од големо значење за емоционалната зрелост и интелигенција на луѓето, за да можат подобро да ги оценат односите меѓу луѓето и нивните односи со другите.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе