СЕРИЈА А 2019/20

Имобиле: Лацио не е повеќе ист

Најдобриот голгетер во Серија А даде свое видување за лошата форма на Лацио која резултираше со пораз од слабиот Лече.

„Локдаунот нѐ казни многу, повеќе не сме оние истите од претходно, од ментална гледна точка. Не е алиби, тоа е факт. Нашата цел пред почетокот на сезоната беше место во Лигата на шампионите и според тоа можеме да бидеме мирни, но мора да ја завршиме сезоната најдобро што можеме за да не испадне јалов сиот труд кој досега сме го вложиле“, вели Имобиле во интервју за Lazio Style Radio.

Во вторникот Лацио изненадувачки претрпе пораз на гостувањето кај Лече, тим кој грчевите се бори за опстанок и кој ја оствари само седмата победа сезонава. Ларио планираше 3 бода, а се врати дома со празни раце.

„Тој натпревар за Лече беше многу важен. Нема што многу да жалиме, смирени сме, нервозата не е добра. Кога бркате резултат, губите енергија. Ќе се одмориме и ќе мислиме на наредниот натпревар. Габриел направи три одлични одбрани. Тие едноставно имаа поголема глад за победа од нас“, вели голгетерот.

Чиро Имобиле и натаму води на листата на стрелци во Серија А со 29 голови, три повеќе од Кристијано Роналдо и 9 пред третопласираниот Ромелу Лукаку. Во петте натпревари по паузата, Чиро постигна 2 гола, а еден натпревар пропушти поради суспензија.

„Тимот игра за мене, постојат лични цели кој не смеат да ме направат анксиозен. Не сум истиот од претходно, овој Чиро не е тој вистинскиот. Морам да дадам повеќе“.

Ако веќе Лацио ја загуби битката за Скудетото, барем Имобиле да ја освои онаа за најдобар стрелец.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе