Индиец ќе биде новиот британски премиер

Риши Сунак ќе биде новиот британски премиер откако неговата противкандидатка Пени Мурдан ја повлече својата кандидатура.

Риши Сунак направи спектакуларен политички камбек за да стане следниот премиер на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, откако ривалката Пени Мордоунт се откажа од трката, пренесе DPA.

Поранешниот британски министер за финансии денеска ја доби поддршката од конзервативните пратеници за да ја наследи Лиз Трас како лидер на ториевците и ќе влезе во Даунинг стрит помалку од два месеца откако ја загуби последната трка.

Сунак ќе биде првиот хинду премиер на Обединетото Кралство, првиот со азиско потекло, прв кој не е припадник на белата раса и најмладиот по повеќе од 200 години, на 42-годишна возраст.

Мордоунт се повлече од трката бидејќи не успеа да ги добие 100-те номинации од ториевските пратеници, потребни до крајниот рок во 14 часот.

Со оглед на тоа што Борис Џонсон самиот се повлече, Сунак ќе стане премиер без противници и ќе избегне онлајн гласање на конзервативните членови кои минатиот месец го одбија во полза на Лиз Трас.

– Во изминатите неколку дена, за жал, дојдов до заклучок дека едноставно не би било правилно. Не можете ефективно да владеете ако немате обединета партија во Парламентот, рече Џонсон.

Тој сега има тешка задача да ја води нацијата низ економска криза што само се влоши со хаотичното наследство на Трус, која беше сменета по само шест недели на функцијата, пренесува DPA.

Во изјавата објавена на интернет две минути пред крајниот рок, Мордоунт рече дека нејзиниот противник сега ја има нејзината „целосна поддршка“.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Нови пресметки од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има еден мандат помалку, ЗНАМ еден повеќе

Read more

Свет

ЕУ пресече: Замрзнатите руски средства ќе се трошат на оружје за Украина

Read more

Зошто 9 мај се слави како Ден на Европа?

Read more

Барон Трамп уште не завршил средно, а влезе во политика

Read more

Украинскиот парламент одобри мобилизација на затвореници

Read more
 

Вести

ЕУ пресече: Замрзнатите руски средства ќе се трошат на оружје за Украина

Читај повеќе

Објавен конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ за 2024 година

Читај повеќе

Тренчевска се повлече од партиската функција: Нека настапат нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери

Читај повеќе

Зошто 9 мај се слави како Ден на Европа?

Читај повеќе

Барон Трамп уште не завршил средно, а влезе во политика

Читај повеќе

Нов состав на Собранието во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска Давкова најдоцна викендов

Читај повеќе

Силјановска го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, тој неа во 2019 со 58.210

Читај повеќе

Разговор со поетесата Д.A. Лори вечерва во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје

Читај повеќе

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Читај повеќе