Инспекторите работат „турбо“: 742 контроли, затворен објект во Гостивар

Скопје, 30 октомври 2020 (МИА)  – Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) соопшти дека инспекциските служби од вчера вечер постапуваат според новите овластувања, согласно измените и дополнувањата на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести.

Притоа во повеќе градови во државата извршени се вкупно 48 надзори и 742 контроли во угостителски објекти, казина и обложувалници согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и здравствените протоколи.

Како што информира Државниот пазарен инспекторат, во Гостивар извршени се два надзори и 50 контроли, а во угостителски објект кој се наоѓа во ТЦ „Јавор“,  констатирано е прекршување на новите одредби од изменетиот Закон за заштита на здравјето на населението од заразни болести, за што ќе се преземат соодветни мерки.

-Не е затекнато прекршување на работното време кај контролираните објекти. Во истиот момент кога се констатирани прекршувањата, ДПИ на лице место го затвори објектот, а изречена е и парична казна, стои во соопштението.

Најмногу контроли и надзори се спроведени во Скопје, односно 213 контроли и 12 надзори, при што не се констатирани прекршувања на здравствените протоколи. Во Битола се спроведени 9 надзори и 131 контрола, во Штип три надзори и  83 контроли, во Кавадарци три надзори и 63 контроли, во Струмица два надзори и 50 контроли, а останатите контроли и надзори се во Тетово, Охрид, Куманово, Битола, Струга.

Според новите измени и дополнувања на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, доколку на терен инспекткорите констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент ќе му се изрече привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот на лице место ќе биде затворен. 

Дополнително, според новите измени, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект. За микро, мало, средно или големо претпријатие, како и соодветни глоби за одговорен на правно лице, трговец поединец или физичко лице. Со ова, како што се наведува во соопштението, сакаме да покажеме и правичност и праведност во однос на големината на субјектот и нивото на самата казна.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Македонија

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more
 

Вести

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе