Институт за војна: Шојгу ќе биде жртвеното јагне на Путин за неуспехот на инвазијата 

Во последниот извештај на Институтот за проучување на војната (ISW) не се наведува дека рускиот претседател Владимир Путин вината за неуспехот на инвазијата на Украина ќе ја префрли на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, поради проблемите со мобилизацијата.

Растечките критики за „делумната мобилизација“ што Путин неодамна ја наметна како дел од воената стратегија за постигнување цели во Украина, најверојатно, ќе го принуди рускиот претседател да го стави министерот за одбрана во улога на жртвено јагне .

Со декрет од 5 октомври, рускиот претседател ја одложи мобилизацијата за сите студенти, вклучително и оние на магистерски и докторски студии. Одложување на мобилизацијата важи за редовните и вонредните студенти на државните акредитирани универзитети, факултети и научни организации, како и во иновативни научни и технолошки центри и во духовни и образовни организации. Путин истакна дека со новата регулатива опфатени се и студентите на акредитираните приватни универзитети. Ослободени се и лекарите на специјализација.

Путин за руските медиуми изјави дека се решил на ваков чекор бидејќи:

„Министерството за одбрана не направи навремени измени на законската рамка за списокот на оние кои не се предмет на мобилизација, затоа мора да се направат одредени прилагодувања на националната законска рамка.“

Имплицитната критика на Шојгу има за цел да го означи како директен виновник за неуспехот на инвазијата на Украина.

URL

Претседателот на Одборот за одбрана на руската државна Дума, генерал-потполковник Андреј Картаполов вчера на руската државна телевизија го критикуваше и Министерството за одбрана.

ISW, исто така, во извештајот наведува дека одговорот на Путин на сè пожестоките критики за неговиот неуспех во Украина ќе биде да им пристапи на „радикалните елементи“ на политичката база што го поддржува, вклучително и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

„Најавата на Кадир дека Путин му го доделил чинот генерал-полковник е индикативна бидејќи Путин е подготвен да ја смири базата која почна жестоко да ја критикува позицијата на Министерството за одбрана“, сметаат аналитичарите на ISW.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе