СЕРИЈА А 2020/21

Интер во голеада го совлада Беневенто

Интер ја оствари втората победа во новата сезона откако денеска со 5:2 славеше на гостувањето кај Беневенто.

Веднаш штом тргнаа од центарот, „Нераѕурите“ уште во 28. секунда го отворија резултатот преку Ромелу Лукаку на асистенција на Ашраф Хакими, најавувајќи ја голеадата која следуваше.

Во 25. минута Ашли Јанг го проигра Роберто Гаљардини кој зголеми на 0:2. Само три минути подоцна Гаљардини, овој опат во улиога на асистент, му сервираше на Лукаку за негов втор гол.

Домаќините се вратија во игра со голот на Џанлука Капрари во 34. минута по грешката на голманот Самир Хандановиќ кој буквално му ја додаде топката в нозе.

Разликата од три гола ја врати Мароканецот Хакими кој во 42. минути зголеми на 1:4, резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел паднаа само два гола, по еден на двете страни. Во 71. минута Алексис Санчес асистираше за нововлезениот Лаутаро Мартинес за 1:5, а конечниот резултат го постави Капрари со својот втор гол.

Ова беше всушност натпревар од 1. коло кој беше одложен. Во исто време Специја на гости го совлада Удинезе со 2:0 со двата гола на Андреј Галанбинов. Нашиот Илија Несторовски настапи од 64. минута за поразената екипа.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Фудбал

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Read more

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Read more

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Read more

На терен е ужас, но: Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во светот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Читај повеќе

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Читај повеќе

На терен е ужас, но: Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Читај повеќе

Што значеше пораката под дресот на Родриго?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА

Читај повеќе

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе