СЕРИЈА А 2022/2023

Интер во последната секунда победи кај Лече, шампионски старт на Милан

Синоќа почна новата сезона во Калчото, а завесата ја кренаа шампионот Милан и неговиот градски ривал и вицешампион од ланската сезона, Интер.

Во интересен натпревар на кој публиката виде дури 6 гола Милан сезоната ја почна со победа над Удинезе од 4:2. Гостите уште во 2. минута најавија дека во Милано се дојдени по изненадување бидејќи дефанзивецот Родригу Бесау ја затресе домашната мрежа. Но, Милан набрзо ја презеде контролата и со два брзи гола во 11-тата и 15. минута направи комплетен пресврт. Стрелци беа Тео Ернандес од пенал и Анте Ребиќ. Гостите сепак не се откажаа и во надополнувањето од полувремето израмнија на 2:2 преку Мароканецот Адам Мазина, погрижувајќи се на пауза да се замине со реми.

Веднаш штом почна вториот дел Брахим Диас донесе водство на Милан од 3:2, кое потоа во 68. минута Ребиќ со својот втор гол го дуплираше погодувајќи за 4:2, што потоа се покажа како конечен резултат.

Во редовите на гостите од Удине шанса да заигра на „Меаца“ не доби нашиот Илија Несторовски кој го гледаше натпреварот од клупата за резерви и не беше една од петте замени кои тренерот Андреа Сотил ги направи.

Remote video URL

Интер сезоната ја почна со гостување на „Виа дел Маре“ стадионот кај повратникот во елитата, тимот на Лече. Уште во 2. минута Ромелу Лукаку го најави својот камбек во Серија А со гол со глава по асистенција на Матео Дармјан. Раниот погодок можеби навестуваше голеада, но до такво нешто не дојде.

Домашните израмнија три минути после паузата кога по еден контра напад Гамбиецот Асан Сесај, патем летно засилување за Лече, ја затресе интеровата мрежа. Гостите од Милано се мачеа до краот никако не успевајќи да создадат сериозна шанса кон домашниот гол, а оние удари кои успеаја да ги упатат беа одбранети од синоќа одличниот Владимиро Фалконе. Сепак, во последната четврта минута од судиското надополнување замената Дензел Думфрис погоди од блиску по нафрлувањето на Лаутаро Мартинес за победа од 2:1.

Remote video URL

Во другите два синоќешни натпревари Аталанта стартуваше со победа кај Сампдорија од 2:0, додека дебитантот Монца не ги израдува сопствените навивачите губејќи дома од Торино со 1:2.

Денеска се среќаваат:

18:30
Фиорентина - Кремонезе
Лацио - Болоња

20:45
Салернитана Рома
Специја - Емполи

Понеделник:

18:30
Верона - Наполи

20:45
Јувентус - Сасуоло

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе