СЕРИЈА А 2021/22

Инѕаги лут: Со ваков пристап не може до Скудетото

Тренерот на Интер воопшто не е задоволен од играта на неговите избраници кои синоќа се избламираа пред сопствената публика губејќи од Сасуоло со 0:2.

Наместо планирани 3 бода со кои ќе го минеа Милан на лидерската позиција на табелата, кој патем исто така киксна играјќи само 2:2 со слабата Салернитана, Интер не само што не успеа да победи, туку не освои ниту бод.

„Многу сум лут поради пристапот, бидејќи имавме три дена од натпреварот во средата (со Ливерпул во Лигата на шампиони, заб. на прев.). Зборувавме за тоа дека Сасуоло ги победи Јуве и Милан во гости. Тие играат одличен фудбал и требаше да бидеме попретпазливи“, почна Симоне Инѕаги на прес-конференцијата по разочарувачкиот натпревар.

На последните шест натпревари од Серија А „Нераѕурите“ имаа 110 удари кон противничкиот гол, а постигнаа само 6 гола. Синоќа имаа 29 упатени удари и не постигнаа ниту еден гол.

„Пробавме да направиме сѐ во второто полувреме, создадовме многу шанси, но немавме среќа. Останува фактот дека требаше да имаме поинаков пристап. Сасуоло има неверојатен технички квалитет, а беа и физички посвежи и го истакнаа тоа“.

Сасуоло головите ги постигна во 8. и 26. минута преку младите Џакомо Распадори (22г) и Џанлука Скамака (23г), а асистираа Доменико Берарди, инаку јавно деклариран навивач на Интер, и Хамед Траоре.

Remote video URL

„Ќе ја анализираме ситуацијата, знаеме дека до крајот има уште 13 натпревари, сакаме да продолжиме да одиме напрад. Факт е дека тим кој цели кон освојување на Скудето не смее да игра со толку погрешен пристап како ние сега“, додаде.

Инѕаги натпреварот го почна со неколку измени во стартните 11 за да одмори некои фудбалери од тешкиот и исцрпувачки дуел со Ливерпул. Но, потоа мораше еден по еден да ги става во игра, а почна на паузата со Един Џеко и Дензел Думфрис.

„Радо ќе направев повеќе од две измени на полувреме. Изгубивме дел од нашата организациска поставеност, се обидовме повторно да ја издигнеме, но ќе мора да откриеме каде згрешивме. За четири дена имаме нов натпревар, знаеме дека играме во континуитет и не смееме да потфрлиме при отсуства, суспензии, повреди. Сите сме заедно тука и ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната“.

URL

Веќе в петок Интер го чека гостување во Џенова кај тимот на Џеноа, а згуснатуот распоред продолжува со полуфиналниот куп дуел со градскиот ривал Милан на 1 март, потоа Салернитана на 4 март, па Ливерпил на 8, а играњето двапати неделно завршува со Торино на 13-ти.

Лаутаро и натаму пости

Дополнителна грижа за Инѕаги и навивачите на Интер е лошата гол-форма во која е заглавен Лаутаро Мартинес, еден од главните адути на тимот во борбата за Скудетото.

Синоќа повторно не постигна гол, а промаши и зицер.

„Не мислам дека станува збор за анксиозност, големите шампиони се навикнати на вакви натпревари. Мислам дека едноставно не беше добро поставен, имаше мал замор, како физички така и ментално. Со стручниот штаб неделава се обидовме да ги фокусираме играчите, но примивме два рани гола какви што обично не примаме“, вели Инѕаги за промашувањето на Лаутаро.

„И натаму сме тимот кој постигнува најмногу голови во Серија А сезонава и наскоро ќе им се вратиме на головите. Кога си напаѓач и не даваш голови, мора да останеш смирен, головите сами ќе дојдат“.

Лаутаро сезонава има 11 голови во Серија А, но последниот на 17 декември 2021 година. Оттогаш е во гол-пост (рака на срце, погоди во Суперкупот). Медиумите во Италија велат дека на Аргентинецот му фали поранешниот партнер Ромелу Лукаку, бидејќи со Џеко нема добра соработка.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе