СЕРИЈА А 2022/2023

Инѕаги разочаран од кавгата на Лукаку и Барела

Предводникот на Интер е разочаран поради кавгата која изби на теренот за време на синоќешниот натпревар на Интер кај Сампдорија помеѓу Лукаку и Барела. Како што рече, такви работи не сака да гледа на терен, особено не кога станува збор за двајца добри пријатели како нив.

Интер синоќа не успеа да дојде до трите бода во Џенова кај Сампдорија играјќи без голови откако 90 минути не успеа да го најде патот до мрежата на Емил Аудеро.

Но, она што го одбележа натпревар беше кавгата помеѓу Ромелу Лукаку и Николо Барела во првото полувреме, кога белгискиот репрезентативец се заврте кон соиграчот и му претеше да престане да мавта со рацете, а притоа искористи и навредливи зборови пцуејќи го играчот со кого дели соблекувална (навиодно му рекол figlio di puttana). Нормално, тоа воопшто не му се допадна на Инѕаги.

URL

„Вакви работи се случуваат, иако не би требало да се случуваат на терен и не сакам да ги гледам. Но, седнаа заедно на полувремето, тие се големи приајтели. Нормално, такви инциденти не сакам да гледам на терен“, рече Симоне Инѕаги.

Што се однесува на натпреварот, Инѕаги рече дека е многу разочаран што неговиот тим не успеа да постигне гол и да дојде до победа против претпоследниот тим на табелата во Серија А.

„Се разбира дека сум разочаран, затоа што сакавме да победиме, не ја потценивме Сампдорија и требаше да оствариме подобар резултат со обѕир на бројот на шанси што ги создадовме“, истакна тој.

Remote video URL

„Секогаш велам дека треба да се фокусираме само на себе, мораме да продложиме да работиме и дополнително да ја поправиме нашата игра“, дополни.

Наредниот калчо предизвик за Интер е в сабота од 20:45 часот кога Илија Несторовски и неговиот Удинезе ќе гостуваат на „Меаца“ во Милано, што ќе биде шанса за одмазда на Интер со оглед на тоа што на првиот натпревар во септември тимот од Удине славеше со 3:1.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Read more

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Read more

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more
 

Спорт

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе