Иранскиот заменик министер до САД: Ова е црвената линија, ако почнат ќе настане хаос

Макфакс
/ 27.10.2023 / 08:11

Иранскиот заменик министер за надворешни работи, Мохамад Хасан Шејхолеслами, рече дека доколку САД го нападнат Иран, одговорот на Техеран ќе биде незамислив.

Според него, Иран „30 години ги бранел правата на Палестинците и ќе продолжи да го прави тоа“.

„Сите земји треба да ги преземат неопходните мерки за заштита на Палестинците и жителите на Појасот Газа. Ова не е прв пат САД да ни се закануваат со удари, ние сме навикнати на секојдневни закани. Но, во секој случај. Ако тоа се случи, ако ја направат оваа грешка, одговорот на Иран ќе биде надвор од фантазијата“, рече Шејхолеслами.

Тој додаде дека и Сиријците можат сами да ја бранат својата земја, но ако побараат помош, Иран ќе ги поддржи.

„Ситуацијата е катастрофална, мора да се запре. Сега правиме с што е во наша моќ за да го спречиме ширењето на конфликтот, заедно со Ирак и другите“, нагласи Шејхолеслами.

На 7 октомври, палестинската група Хамас изврши масовен напад врз Израел. Како одговор, израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“.

Првиот заменик-шеф на иранскиот парламентарен комитет за национална безбедност и надворешна политика, Ебрахим Азизи, на 16 октомври рече дека „нови фронтови“ може да се појават против Израел доколку го нападне Појасот Газа.

Според него, ова е „црвена линија“ за Иран.

„Војна на неколку фронта може да предизвика колапс на Израел како држава“, додаде Азизи.

Израелскиот министер за економија и индустрија, Нил Баркат, се закани дека ќе го нападне Иран доколку групата Хезболах поддржана од Иран отвори „втор фронт против Израел“.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолаџан на 23 октомври изјави дека САД побарале од Иран да не се меша во палестинско-израелскиот конфликт.

Тагови
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Нови пресметки од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има еден мандат помалку, ЗНАМ еден повеќе

Read more

Свет

ЕУ пресече: Замрзнатите руски средства ќе се трошат на оружје за Украина

Read more

Зошто 9 мај се слави како Ден на Европа?

Read more

Барон Трамп уште не завршил средно, а влезе во политика

Read more

Украинскиот парламент одобри мобилизација на затвореници

Read more
 

Вести

ЕУ пресече: Замрзнатите руски средства ќе се трошат на оружје за Украина

Читај повеќе

Објавен конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ за 2024 година

Читај повеќе

Тренчевска се повлече од партиската функција: Нека настапат нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери

Читај повеќе

Зошто 9 мај се слави како Ден на Европа?

Читај повеќе

Барон Трамп уште не завршил средно, а влезе во политика

Читај повеќе

Нов состав на Собранието во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска Давкова најдоцна викендов

Читај повеќе

Силјановска го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, тој неа во 2019 со 58.210

Читај повеќе

Разговор со поетесата Д.A. Лори вечерва во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје

Читај повеќе

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Читај повеќе