Исчезна лекарот од Сибир кој го лекуваше Навални

Исчезна сибирскиот лекар кој го лекуваше критичарот на Кремљ Алексеј Навални, соопшти руската полиција.

Полицијата во регионот Омск, на околу 2.200 километри источно од Москва, информираше дека лекарот Александар Мураховски во петокот заминал во  шума со теренско возило и оттогаш не е виден.

На потрагата се приклучија и служби за итни случаи, беспилотни летала, хеликоптер и волонтери на терен.

Мураховски е главен лекар во болницата во Омск, Сибир, каде се лекуваше Навални, најгласниот критичар на претседателот Владимир Путин. Мураховски подоцна беше унапреден во регионален министер за здравство. По напнатите преговори со властите, Навални беше префрлен на лекување од Омск во Германија, потсетува Хина.

Лабораториските тестови во три европски земји, потврдени од глобалниот орган за надзор на хемиско оружје, открија дека Навални бил отруен од нервен агенс Новичок.

Кремљ постојано ги негираше обвинувањата дека руските власти се обиделе да го убијат Навални.

Рускиот опозиционер е во затвор од февруари и тврди дека е таму поради лажни обвинувања. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе