Bugatti го достави и последниот произведен примерок од моделот Divo.
Испораката на Bugatti Divo започна во август 2020 година, а сега е завршена. Последниот примерок од вкупно 40 произведени aвтомобили е доставен на неговиот сопственик.
Последниот примерок од моделот Divo го краси традиционалниот изглед благодарение на Bugatti EB 110 LM во сина боја кој е произведен во чест на последниот официјален Le Mans фабрички тркачки автомобил.
Доби златни фелни кои се контраст на синиот карбон, а во внатрешноста преовладува French Racing сина и Deep сина боја, како и сиви мат карбонски елементи.
Bugatti Divo беше претставен на изложбата на автомобили во Pebble Beach 2018 година и тогаш беше најскапиот модел со цена од 5 милиони евра.
Divo го доби името според францускиот возач Алберт Диво, а секој од примероците е уникатен.
Го движи 8,0-литарски quad-turbo W16 мотор кој развива 1.479 КС и достигнува максимална брзина од 380 км/ч.