Исповед на Лукаку: Кога мама почна да става вода во млекото знаев дека сме банкрот

Еден од најскапите играчи во историјата на фудбалот, кого Челси го врати од Интер во 2021 година за 115 милиони евра, на X сподели сеќавања од тешкото детство со неговата мајка и брат Џордан во Антверпен.

„Точно се сеќавам на моментот кога банкротиравме. Сè уште се сеќавам на сликата на мајка ми пред фрижидерот и нејзиниот поглед“, ја започна животната приказна Лукаку, која не е нова, но е потсетник на сето она што 30-годишниот голгетер го поминал.

Имал 6 години и рутина: мајка му секогаш му давала млеко и леб за ужина.

„Кога си дете, не размислуваш за тоа. Еден ден дојдов да си ја земам ужинката и ја најдов мајка ми кај фрижидерот. Сѐ изгледаше нормално, но нешто недостасуваше тој ден. Таа се тресеше и знаев дека нешто недостасувало. Ми ја даде вообичаената ужинка, се насмеа. Но...“

„Мама измешала вода во млеко“, продолжи Лукаку.

„Една недела немаше пари да нѐ издржува. Јасно ми беше дека сме банкротирани. Не само сиромашни, туку банкрот. Потоа дојдов дома вечерта и немавме струја, немавме две или три недели“.

За да се капе мајка му ја загревала водата, па тој се полевал со тенџере.

„Имаше денови кога јадевме бајат леб од пекарата на крајот од улицата. Пекарот знаеше за нашата ситуација, па ѝ даваше на мајка ми леб, а таа му плаќаше на крајот на неделата. Не кажував ни збор затоа што тоа беше нашиот живот. Не сакав повеќе да ја стресувам мајка ми. Само јадев тоа што имаше. Но, му се заколнав на Бога, си ветив дека тоа ќе се смени. Знаев што морав да направам“.

Кога ја нашол мајка си во солзи, решил да го открие својот план.

„Се вратив од училиште и кога ја видов како плаче, решив да ѝ кажам: 'Мамо, сѐ ќе биде добро, ќе видиш. Ќе играм фудбал за Андерлехт и тоа ќе се случи наскоро. Ќе бидеме добро. Никогаш повеќе нема да се грижиш“, раскажува Ромелу.

И го одржал ветувањето. На шест години го забележале скаутите на Лирс, од 2004 до 2006 година постигна 121 гол на 68 натпревари и се преселил во Андерлехт. Добил стипендија, ги тероризирал младите голмани (131 гол на 93 натпревари за младинскиот тим на Андерлехт), а првиот договор со белгискиот гигант го потпиша во 2009 година. Веќе во 2011 година се пресели во Челси.

Остатокот е историја на момчето по потекло од Конго. Неговото семејство, и многу други сиромашни луѓе, бидејќи е голем активист, никогаш повеќе не беа гладни...

Ромелу Лукаку моментално тренира со младинскиот тим на Челси и чека да се реши неговото трансфер прашање. Белгискиот напаѓач очекува расплетот да се случи до крајот на неделава, а во игра се Јувентус, Рома и Ал Хилал. Шпекулациите велат дека тој сигурно ќе остане во Серија А.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе