Историски договор: Израел преку Египет ќе извезува гас во Европа

Претставниците на Европската Унија, Израел и Египет вчера потпишаа историски договор со кој на Израел ќе му се даде можност за првпат да извезува природен гас во Европа.

Договорот, потпишан во екот на војната во Украина и енергетската криза во светот, а особено во Европа, ќе ѝ овозможи на Европската Унија помала зависност од рускиот гас, што е крајна цел на Брисел.

„Овој значаен договор ќе ја зголеми продажбата на природен гас на земјите од ЕУ кои имаат за цел да ја намалат зависноста од испораките на гас од Русија, особено по нејзината инвазија на Украина“, пишува The Times of Israel.

Според она што го потпишаа претставниците на Египет, Израел и Европската Унија, договорот ќе му овозможи на Израел преку Египет да испраќа гас до Европската Унија.

Израелскиот министер за енергија Карин Елхарар рече дека потпишувањето на таков договор ја зајакнало улогата на Израел на глобалната енергетска сцена.

„Ова е огромен момент во кој малиот Израел станува значаен играч на глобалниот енергетски пазар. Договорот е историски и во однос на соработката меѓу Израел и Египет. Ова ќе ни овозможи за прв пат да извезуваме природен гас во Европа. Договорите што ги потпишавме минатата година ги позиционираа Израел и израелската енергија и вода како клучни играчи во светот“, рече Елхарар.

Во име на Европската Унија, на оваа средба присуствуваше и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која го поздрави потпишувањето на овој историски договор.

„Каков посебен момент. Многу топло го поздравувам потпишувањето на овој историски договор. Овој договор е дел од напорите на Европската Унија за диверзификација на изворите на енергија надвор од Русија и увоз на енергија од други доверливи добавувачи“, рече Фон дер Лејен.

Египетскиот министер за нафта Тарик ал Мола рече дека договорот меѓу Египет, Израел и ЕУ е важна пресвртница за светот.

„Ова ќе доведе до понатамошна соработка меѓу членките на Источномедитеранскиот гасен форум, кој го сочинуваат Јордан, Израел, Кипар, Грција, Египет, Палестина, Франција и Италија“, рече министерот.

Според израелските медиуми, се очекува договорот да носи околу 290 милиони долари годишно во државната каса на оваа земја.

„Договорот ја признава клучната улога што ќе ја има природниот гас во енергетската економија на земјите од ЕУ до 2030 година. До 2050 година целта е да се постигнат нула емисии, што е целта што ја поставија земјите од ЕУ и Израел“, се вели во анализата.

Кога станува збор за одредени детали од транспортот на гас, се предвидува дека израелскиот гас ќе се испорачува по цевковод до египетскиот терминал за ЛНГ во Средоземното Море, по што со танкери ќе се транспортира до бреговите на Европската унија.

Израел има две оперативни „гасни полиња“ во близина на медитеранскиот брег кои содржат околу 690 милијарди кубни метри природен гас. Покрај тоа, Израел работи на изградба на третата гасна платформа која ќе биде лоцирана на море.

реклама

Tри рани симптоми на рак на грлото кои не смеете да ги игнорирате

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more
Лоренцо победи во Валенсија

Лоренцо победи во Валенсија

Read more
Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе