УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2021/22

Истрага во Барселона: Како се најдоа дури 30.000 Германци на трибините?

Фудбалерите на Ајнтрахт ја елиминираа Барселона во четвртфиналето од Лига Европа, а освен поразот од Каталонците, боли и тоа што на трибините на „Камп Ноу“ имаше околу 30.000 навивачи на германскиот клуб.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, по поразот од 2:3 (или со вкупен резултат од 3:4 во два натпревара), истакна дека очекувал неговиот тим да има поддршка од 70.000 навивачи и најави истрага како се нашле толку многу гостински навивачи на стадионот.

Според правилата на УЕФА, на клубот од Франкфурт му биле дадени само 5.000 билети.

„Атмосферата не ни помогна. Впечатокот беше како да играме финале со поделени навивачи. Клубот проверува што се случило. Тоа беше грешка од наша страна“, рече Чави и продолжи:

„Го очекував 'Камп Ноу' со 70.000 навивачи на Барса, но не беше така“.

URL

Сѐ поизвесно е дека Барселона втора сезона по ред ќе ја заврши без освоен трофеј, бидејќи во Примера има 12 бода помалку од водечкиот Реал Мадрид и сѐ уште нема обезбедено место меѓу првите четири. Барса е втора на табелата, но само 4 бода му бега на петтопласираниот Бетис.

„Би сакал да му честитам на Ајнтрахт бидејќи тие тоа го заслужуваат. Целта во остатокот од сезоната е да се пласираме во Лигата на шампионите“, додаде Чави.

URL

Тимот од Франкфурт во полуфиналето ќе се сретне со Вест Хем.

Во знак на протест поради големиот број гостински симпатизери, каталонските навивачи ги оставија столчињата на стадионот на полувремето и се вратија 10-20 минути по почетокот на вториот дел.

URL
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе