Истражители на СЈО му вршеле закани и притисоци на обвинет во случајот „Тортура”

Истражителите од поранешното СЈО, Примислав Димовски и Панчо Зафирче, вршеле притисок врз Петар Милошоски, да го смени исказот даден пред обвинител во случајот „Тортура“.

Ова денеска во продолжение на својата одбрана го изјави обвинетиот Милошоски, кој посочи дека истражителот на СЈО, Панчо Зафирчо, ја злоупотребил неговата блискост со него од порано.

„Притисоците се движеа околу уцената на моето работно место. И ден денеска ми ги менуват работните места. Овие одлуки ги донесе Примислав Димовски, кој беше и истражител во СЈО. Разни притисоци, дека ќе ми се земат овластувањата, дека ќе треба да се јавам на шалтер секој ден со тие што ги гониме (криминалци)“, изјави обвинетиот Милошоски.

Средбата со истражителот Зафирчо, тој рече дека се оддржала по барања на истражителот.

„Се сретнавме и ми кажа дека обвинителот во овој момент бара да кажеш дека лицето Лубе Бошковски не давало отпор. Ми ја кажа и пресудата која ќе ја добијам доколку не го сменам исказот. „Жалам за тебе, не си ти битен, се знае кој е битен”, ми рече. Се знае кој е битниот, прво обвинетиот Сашо Мијалков“, изјави обвинетиот Милошоски.

На прашања на судот зошто притисоците и заканите не ги пријавил, тој рече дека немал доверба во институциите.

Следното рочиште за случајот „Тортура” е закажено за 12 март.

Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, додека обвинението го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе.

Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО е осомничен за кривично дело „Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“. 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе