Истражување: Фудбалот е спорт број 1 во Македонија

Најново истражување направено врз граѓаните во државава покажува дека фудбалот е спорт број 1 помеѓу Македонците.

Фото: ФФМ

Најдобрата македонска репрезентација се пласираше на ЕУРО 2020 и еден од најголемите моменти во нашата фудбалска историја дава можност за зголемување на целокупниот интерес.

„Помладата популација од 18 до 24 години има најголем интерес за фудбал и веројатно е клучна во одржувањето и зголемувањето на интересот за фудбалот во Македонија преку развој на стратегии фокусирани на младите“, се вели во заклучокот од истражувањето.

Истражувањето е направено и спроведено од Kantar Media, водечка меѓународна компанија специјализирана за истражување, податоци и увиди, во име на Фудбалската федерација на Македонија, со поддршка на УЕФА.

Учество во фудбалот

Учеството во фудбалот бележи значителен раст. Фудбалот во Македонија е најпопуларен спорт и поради бројот на деца кои започнуваат да тренираат и играат фудбал (27%).

Учеството на момчињата кои почнуваат да играат фудбал е силно. ФФМ треба да продолжи да инвестира во „Детска лига“ и во проектите за развој на „Училишен фудбал“. На тој начин, се зголемува бројот на учесници во фудбалот и се поттикнува бројот на регистрирани фудбалери во клубовите.

Домашен фудбал

Прва македонска лига: Интересот за Националното првенство е зголемен за 6%. Возрасните групи 18-24 и 25-34 години имаат најголем интерес.

Фото: ФК Вардар Скопје

Високиот интерес на популацијата од 18-24 години за најдобрата македонска репрезентација треба да биде дополнителен импулс за зголемување на интересот за македонската лига која треба да биде место каде што следната генерација на македонски репрезентативци ја започнуваат својата кариера.

Меѓународен фудбал

Интересот за македонските национални тимови дополнително е зголемен со кампањата за ЕУРО 2020. Промотивната кампања треба да биде фокусирана на успехот, возбудата и гордоста.

По завршувањето на Европското првенство, ФФМ треба да стави акцент на иницијативи и поддршка на другите национални репрезентации со шанса за пласман на големи турнири во иднина.

Специфични области на фокус треба да бидат обука на висококвалитетни тренери и судии, подобрување на фудбалската инфраструктура и развој на младинските категории.

Многу значајно е да се зголемува интересот за младинските репрезентации покажувајќи им го патот на играчите од македонските репрезентации кои беа дел од младинските национални тимови и стигнаа до учество на УЕФА ЕУРО 2020.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе