Истражување: Имунитетот на коронавирус драстично опаѓа по закрепнувањето

Научници од лондонскиот Империјал Колеџ утврдија дека количината на антитела на коронавирусот во човечкиот организам драстично се намалува по закрепнувањето од заразата, пренесе BBC.

Токму антителата се клучни за имунитет на кој било вирус, а истражувачите откриле дека бројот на оние кои имаат антитела се намалил за 26 проценти од јуни до септември годинава. Според тоа, заклучиле дека имунитетот слабее и постои можност со вирусот да се заразиме повеќе пати.

Во истражувањето биле опфатени повеќе од 350.000 луѓе во Англија. Во првиот циклус на истражување од крајот на јуни до почетокот на јули присуство на антитела е утврдено кај 60 проценти од 1.000 луѓе. Во последниот циклус на истражување, спроведено во септември, само 44 луѓе од 1.000 имале антитела. Бројот на оние кои имаат антитела од летото до есента е намален за повеќе од четвртина.

„Имунитетот прилично брзо опаѓа и трите месеци од првиот циклус на истражување идентификуваа дека бројот на оние со антитела е намален за 26 проценти“, вели Хелен Вард, која учествувала во истражувањето.

Најголем пад се случил кај луѓето постари од 65 години и оние кои имале изразени симптоми, што не било случај кај луѓето кои биле помлади и кои немале симптоми.

Присутноста на поголема количина антитела е забележана кај здравствените работници, а се претпоставува дека причина за тоа е дека се често изложени на вирусот.

Веќе е потврдено дека се има случено луѓе по двапати да се заразат од коронавирусот, но научниците се надеваат дека вториот пат заразениот ќе има поблаги симптоми бидејќи очекуваат организмот да ја активира имунолошката меморија во борба против вирусот.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе