Истражување на МОФ: 30 проценти од студентите биле жртви на дискриминација

Скопје, 25 февруари 2022 (МИА) – Триесет проценти од студентите на универзитетите во земјава биле жртви на дискриминација, покажува Истражувањето „Вовед во студентската дискриминација“ што го спроведе Младинскиот образовен форум (МОФ).

Како најчеста причина за дискриминација студентите го навеле натпросечното знаење и оценките. Најдискриминирани се студентите кои се изјасниле како геј во истражувањето, односно 43,5 посто.

Податоците покажуваат дека студентите од женски пол сметаат дека почесто се дискриминирани на универзитетите во однос на оние од машки пол.

На денешната презентација на клучните наоди од истражувањето, беше посочено дека е алармантно тоа што само 7,6 отсто знаат дека на факултетите има постапка за пријавување на дискриминација.

На прашањето колку се задоволни од климата на универзитетот и факултетот просечната оценка е 3,11, што покажува дека студентите се над просекот задоволни од климата на универзитетите и факултетите.

Препораките кои произлегоа од истражувањето се во насока на Измена и дополнување на Законот за високо образование, подготовка и усвојување интерни акти за спречување и заштита од дискриминација при универзитетите во чие воспоставување студентите ќе имаат значајно учество, спроведување годишни анонимни анкети за дискриминација од страна на посебните тела за спречување и заштита од дискриминација.

Во однос на социјалната дистанца, студентите сакаат да бидат вклечени во интеракција со луѓе. Според истражувањето може да се забележи дека социјалната дистанца е најмала на УКИМ и УКЛО, а најголема на ДУТ.

Студентите генерално се чувствуваат многу безбедно во академската средина, односно средината ја чувствуваат како прилично безбедна. Но, студентите со попречености се чувствуваат понебезбедно.

Истражувањето на МОФ е спроведено во рамки на проектот „Студентска перцепција за дискриминација“ кој е овозможен со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Македонија

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more
 

Вести

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе