Истражување откри изненадувачки ефект на јогуртот врз имунолошкиот систем

Многу луѓе консумираат јогурт затоа што се свесни за неговите придобивки, од калциум, пробиотици и висок протеин до едноставно кога ви треба нешто здраво за брзо да ве засити.

Една од постојаните грижи за млечниот јогурт е дека, како и некои други млечни производи, се смета дека предизвикува воспаление во телото, што може да доведе до некои инфекции, болести и нарушувања.

Сега една студија покажа дека пробиотиците во производите од јогурт всушност можат да го намалат воспалението и да го зајакнат имунолошкиот систем.

За луѓето што сметаат дека јогуртот е здрава, сигурна храна, сега има возбудлива вест. Имено, двајца истражувачи кои спровеле универзитетска студија откриле дека молекулите од пробиотиците во кефирот (течен пијалак кој е многу сличен на јогуртот) значително го намалуваат нивото на зараза со агенсот кој предизвикува колера.

Во една дополнителна студија, научниците откриле дека истите молекули, исто така, дејствуваат како антиинфламаторна сила против некои модели на вирусни заболувања.

„Нашето истражување за прв пат фрла светлина на механизмот со кој пробиотиците ферментирани со млеко можат да заштитат од патогени инфекции и да му помогнат на имунолошкиот систем“, рече професорот Раз Јелинек, потпретседател за истражување и развој на Универзитетот „Бен Гурион“ во Негев.

Ова најверојатно ќе доведе до нови истражувања за поголемо разбирање, но, во меѓувреме, наодите од оваа студија би можеле да бидат уште една причина за консумирање јогурт.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Здравје

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Намалете ги слатките: 8 знаци дека консумирате премногу шеќер

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more
 

Магазин

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Читај повеќе
  • filter

Тоне еден од најголемите градови во светот

Читај повеќе

Намалете ги слатките: 8 знаци дека консумирате премногу шеќер

Читај повеќе

Раните знаци на аутизам кај децата може да се откријат дури и пред 3-годишна возраст

Читај повеќе

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Читај повеќе