Истражување: Зошто некои луѓе се имуни на короната?

Едно ново истражување спроведено од научници при Универзитетот Тор Вергата во Рим во соработка со други експерти од целиот свет, се обидува да ја расветли енигмата за луѓето кои и покрај тоа што биле изложени на коронавирус не развиле COVID-19 и не развиле асимптоматска инфекција. Тајната можеби е во гените.

Она што ги комплицира работите од самиот почеток кога станува збор за коронавирус е дека некои заразени може да имаат целосно отсуство на симптоми, додека други развиваат толку тешки компликации што умираат.

Иако сега е јасно дека постарите луѓе, како и оние со хронични заболувања, се изложени на најголем ризик, и ова се покажа како дел од приказната бидејќи имаше постари луѓе кои ја преживеале инфекцијата без проблеми, но и млади луѓе кои починале од COVID-19.

Сепак, најголема енигма се оние кои биле во близок контакт со заразените во неколку наврати и не се заразиле или заболеле. Научниците веќе некое време се обидуваат да откријат зошто некои луѓе се „имуни“ на вирусот.

Меѓу оние што детално ги проучуваат овие извонредни случаи на „природен имунитет“ на вирусот SARS-CoV-2 е тим експерти од Универзитетот Тор Вергата, предводен од професорот Џузепе Новели, меѓународно познат генетичар и поранешен ректор на Универзитетот во Рим. Италијанските научници тесно соработуваат со колегите од Универзитетот Рокфелер во Њујорк и други институти, сите собрани под покровителство на Меѓународниот конзорциум (Covidhge).

За што точно станува збор?

Целта е темелна анализа на ДНК кај луѓето „отпорни“ на короната. Еден таков случај пријавен од италијанските медиуми се однесува на двојка од Терни која се преселила во Милано. Мажот доби пневмонија пред извесно време, а неговата партнерка го негувала без да знае дека можеби е болен од COVID-19.

Серолошките тестови потврдија дека тој е позитивен, а таа не се заразила, ниту имала асимптоматска инфекција. Како е тоа можно? Тимот на Новели го истражува овој и другите индивидуални случаи каде имало „отпорност“.

Првичните претпоставки се дека генетиката е одговорна за резистенцијата, како што е случај и со ХИВ. Познато е дека околу 10 проценти од популацијата носи мутација на CCR5 рецепторите што ги прави отпорни на ХИВ. Ова значи дека вирусот не може да влезе во клетките што главно ги инфицира.

Научниците сега веруваат (но сè уште истражуваат) дека дури и оние отпорни на корона можат да имаат една или повеќе мутации кои имаат заштитен ефект. Околу педесет гени идентификувани од експертите на конзорциумот Covidhge се поврзани со подложноста на инфекција. Во последниве месеци, научниците од конзорциумот открија дека 10-15 проценти од тешките случаи на инфекција со коронавирус се должат на генетика, поточно промени што влијаат на функционирањето на интерферон тип I (IFN I), протеин кој припаѓа на семејството на цитокини и ја регулира активноста на имунолошкиот систем.

Некои пациенти имаат авто-антитела способни да го нападнат овој протеин и да го уништат, додека други не го произведуваат правилно поради мутации. Имуните на короната, велат научниците, може да имаат мутиран ген што им овозможува да произведат повеќе интерферон (првата одбранбена линија од вирусот) и соодветно да бидат заштитени, изјави Новели за италијанскиот весник Repubblicа.

Во секој случај, „ловот“ за оние кои се навистина отпорни - нема да биде лесен, вели Новели.

„Имаме протокол одобрен од нашиот етички комитет. Многумина ни пишуваат дека сакаат да учествуваат во истражувањето, но мора да бидеме сигурни дека ги исполнуваат потребните услови, на пример, дека ги имаат направено сите тестови за ковид“, рече научникот.

Од друга страна, неговиот колега од Трст Роберто Лукати нагласува дека имунитетот на короната има ограничено траење (се проценува најмалку осум месеци) и дека тестовите не се непогрешливи, па идентификувањето на луѓе кои се навистина отпорни ќе биде тешко. Сепак, истражувањето на Универзитетот Тор Вергата, се надеваат експертите, ќе донесе драгоцени резултати и сознанија и ќе ги постават темелите за нови терапии.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе