Италија е прва земја во ЕУ со над 30.000 починати од COVID-19

КАЈГАНА/МИА
/ 08.05.2020 / 19:41

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 3.971.558 лица. Од нив починале 273.792, а оздравеле 1.370.749 луѓе.

Италија стана првата земја од ЕУ која регистрираше повеќе од 30.000 смртни случаи од COVID-19. Денеска земјата пријави 243 нови починати од болеста, што е помалку од вчерашната бројка од 274. Вкупниот број на смртни случаи во Италија сега изнесува 30.201.

Бројот на нови случаи благо опадна на 1.327, со што вкупниот број на заразени во земјата изнесува 217.185. Италија е трета во светот по број на починати од коронавирусот, по САД и Велика Британија.

URL

Шестмесечно бебе е едно од последните жртви на коронавирусот во Велика Британија, соопшти денеска Националната здравствена служба на таа земја. Бебето е меѓу денешните 332 смртни случаи. Вкупно 22 од новите смртни случаи биле на возраст меѓу 40 и 96 години и немале други заболувања.

Австрија денеска ги соопшти правилата за угостителите кои ќе мора да се следат кога следната недела ќе бидат отворени баровите и рестораните. Се бара да има најмалку еден метар растојание меѓу масите, како и дополнителни хигиенски мерки. Освен тоа, персоналот кој е во директен контакт со гостите ќе мора да носат заштитни маски за лице. На една маса може да седат максимум четворица возрасни и деца, освен во случаи кога ќе може и поголем број доколку живеат во исто домаќинство.

Стотици луѓе во Белорусија, меѓу кои и ветерани од Втората светска војна, учествуваа денеска во свеченост во црква во Минск. И покрај растечката епидемија во таа земја, никој од присутните не носел заштитна маска.

Првиот ден од отворањето на Дизниленд во Шангај, после три месеци вонредни мерки, распродадени се сите карти за тој забавен парк, објави The Guardian. Љубителите на јунаците на Дизни уште од понеделникот почнаа да купуваат карти, кои до вчера беа распродадени. По барање на кинеските власти, забавниот парк работи со 30 отсто капацитет, односно ќе прима по 24 илјади посетители дневно.

ЕУ најави испорака на милион и пол медицински маски за 17 држави членки и Велика Британија. Станува збор за дел од 10 милиони маски набавени преку ЕУ инструментот за итна помош, а кои во следните шест седмици ќе бидат распределени во најзагрозените региони на државите членки.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Свет

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more
 

Вести

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе