Италија, Грција, Малта и Кипар: Премногу мигранти остануваат кај нас, системот не е фер

Италија, Грција, Малта и Кипар денеска го осудија системот за управување со миграцијата во Европската Унија, според кој носат несразмерен товар, па бараат помош од Европската комисија.

Тие четири земји „се првата почва на Европската Унија во која мигрантите влегуваат и тие мора да го понесат најтешкиот товар од мигрантскиот прилив во Медитеранот, во согласност со меѓународните обврски и прописите на Европската Унија“, велат министрите за внатрешните работи на Италија, Малта, Кипар и грчкиот министер за миграција во заедничка декларација објавена во Рим.

Тие потсетуваат на ангажманот на Европската Унија во јуни во Луксембург за воведување „механизам за доброволна солидарност“, кој треба да овозможи трансфер и преселување на 10.000 луѓе секоја година во други земји-членки на ЕУ од земјите во кои влегле.

„Механизмот е бавен“

Резултатот од спроведувањето на овој ангажман е „разочарувачки“, сметаат четирите медитерански земји. „Механизмот е бавен“, а бројката од 10.000 преселби не е остварена и „е само мал дел од илегалните пристигнувања на мигранти во текот на годината“, наведуваат оттаму.

Овие четири земји, кои поради својата географска положба се први на удар од напливот на мигранти, со години бараат да се воведе систем на задолжителен трансфер и преселување на мигрантите.

Во очекување на нов договор за управување со миграцијата „кој би бил ефикасен, праведен и траен“, четворицата министри повикуваат на „итна и неопходна дебата за тоа како подобро да се координираат операциите за спасување во Медитеранот“, така што бродовите на невладините организации што спасуваат мигранти ќе се усогласат со прописите .

„Оние под чие знаме пловат невладините организации треба да преземат одговорност“

Државите под чие знаме пловат бродовите на невладините организации кои спасуваат мигранти затоа треба да преземат целосна одговорност за нив, велат тие. Изјавата уследи по спорот меѓу Италија и Франција, кој кулминираше во петокот кога брод со 230 мигранти се закотви во француското пристаниште Тулон, откако Италија одби да му дозволи да се закотви.

„Ја повикуваме Европската комисија и претседателството да ги донесат неопходните мерки за оваа дебата“, наведуваат оттаму.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе