Италија: Најтешко од Втората светска војна, депресија и многу леб

Помина точно една година откако очите на светот беа вперени во Италија, каде се случуваше нешто досега невидено. Целата земја се „заклучи“ на 9 март 2020 година.

По Милано и Ломбардија, која стана црвена зона два дена претходно, и фудбалскиот натпревар Јувентус - Интер, кој првпат се играше без публика, тој 9 март Италија првпат се запозна со англискиот збор „локдаун“, кој луѓето во целиот свет ги следи до денес.

На Италијанците им беше забрането да излегуваат од своите домови, каде бараа засолниште од COVID-19.

Година која Италијанците нема да ја заборават, најтешка година по Втората светска војна. Година на тишина, празни улици, редови пред продавниците, година на исчекувања, далечина и страв.

Прва година на COVID-19, која полека се претвора во втора, и не се знае кога се ова ќе заврши.

Година во која Италијанците ниту во еден момент не ги извадија маските ниту на отворен, ниту на затворен простор, каде сапунот и средствата за дезинфекција станаа најбарани производи, каде е забрането да се излезе надвор од 22 до пет часот.

„Надвор беше пролет“ е името на филмот на Габриел Салваторес, кој во овој документарен филм претстави како „живата и бучна Италија се претворила во тивка пустина“.

Remote video URL

Тишина која била прекината од звуците на возилата за итна помош кои минувале низ улиците, тишина која им дала простор на звуците кои инаку не се слушаат, како на пример цвркотењето на птиците, водата во фонтаните и осамените велосипедисти кои носат храна низ празните италијански градови.

Отсуството на луѓе ги извади животните во парковите и во близина на куќите, од каде граѓаните масовно виореjа чаршави на кои пишуваше „Ќе биде сѐ во ред“, пеејќи, запознавајќи се, играјќи тенис преку терасите.

Италијанците, иако раздвоени, најдоа начин како да бидат блиску едни до други. Се покажа неверојатна солидарност кон највозрасните, осамените, луѓето кои останаа далеку од своите семејства.

Раскажување приказни преку телефон, собирање храна за оние кои останале без работа, пазарење во маркети за највозрасните, на кои нема кој да им набави храна, згрижување на домашни миленичиња во своите домови додека сопствениците им се в болница.

Remote video URL

Преполни оддели за интензивна нега, пациенти сместени во ходници и лифтови, фотографии од пациенти кои лежат на стомак или приклучени на респиратор.

Локдаунот во Италија траеше од 9 март до 18 мај, италијанските градови од воздух изгледале како по апокалипса, не можело да се види никој освен полицијата и војската.

Целиот свет ја следеше „Ubi et orbi“ на папата Франциск на сосема празниот Плоштад Свети Петар, како и концертот на Андреа Бочели од празната Миланска катедрала.

Никогаш не се правело толку леб

Италијанците никогаш нема да ги заборават сликите од долгите колони на воени камиони кои низ пустите и мрачни градски улици превезувале мртовечки сандаци на починатите жители на Бергамо, за кои веќе немало место на гробиштата.

Училиште онлајн, забави и аперитиви секој во својот дом, прославување дипломи, готвење преку интернет: никогаш не се правело толку леб и пици како тогаш и никогаш не било потешко да се најде брашно и квасец.

И никогаш повеќе не се вежбало, становите станаа приватни фитнес центри, Netflix и Amazon Prime беа омилените места во кои Италијанците се криеја гледајќи ги своите најомилени серии, а единственото излегување, освен она во маркет и аптека, било 200 метри околу зграда и прошетка на домашното милениче, а понекогаш и џогинг.

Во меѓувреме Италијанците ја открија работата од дома и се обидуваа да ги одржуваат своите состаноци преку Zoom, децата учеа на далечина, што често им претставуваше проблем. Младите се соочија со осаменост и со фактот дека онлајн светот би можел да стане нешто кое веднаш би го оставиле и би го замениле со прегратка на пријателот.

Зголемена депресија, агресија и желба за забава

Се зголеми депресијата, агресијата и желбата за забава, прошетки и човечки контакти. Телевизиските емисии ги исполнија вирусолози, луѓето чекаа 18 часови за да го слушнат извештајот на Кризниот штаб, кој секој ден објавуваше вознемирувачки податоци.

Точно една година од првиот локдаун, во Италија денес постои опасност за воведување нов.

Бројот на починати во оваа земја надмина 100.000, многу региони се во црвена зона, а многу се подготвуваат за истото.

Земјата се плаши од новите мутации на вирусот и веќе нема оптимистички мислења дека со приближувањето на летото се ова може да исчезне.

Иако во Италија е во тек вакцинација со вакцината на Pfizer/BioNTech на населението кое е на возраст над 80 години, како и на просветните работници со вакцината на AstraZeneca, сепак медиумите пишуваат дека „војната сѐ уште не е завршена“.

Италијанците се уморни, градовите веќе не се она што беа, затворени се многу историски локали, веќе една година не работат театрите, кино салите и нема културни настани, а во маркетите може да влезе само еден член од семејството.

реклама

Tри рани симптоми на рак на грлото кои не смеете да ги игнорирате

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more
Лоренцо победи во Валенсија

Лоренцо победи во Валенсија

Read more
Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе