Италијанскиот тренер Џовани Валенти стартуваше со работа во Брера Струмица

Македонскиот прволигаш Брера Струмица ги стартуваше подготовките за новата сезона. Тимот ќе го предводи Италијанецот Џовано Валенти кој денеска ја изврши првата прозивка и тренинг со фудбалерите на на комплексот СРЦ „Пандев“.

Станува збор 47-годишен тренер кој дојде од младинскиот погон на Парма, а има работено и со младинските категории на Јувентус, Бреша и на Милан. Валенти беше и две години помошник тренер на младинските репрезентации на Италија до 19 и 20 години.

За негов помошник ангажиран е 56-годишниот Микеле Кавали кој во својата кариера има работено во Шахтар, Сасуоло и во Јувентус. Тренер на голманите на сениорскиот тим е Алесандро Пегорари, кој работеше со младинските категории во Парма.

,„Ќе дадеме сѐ од себе за да ја донесеме овде нашата идеја, нашата филозофија. Сакаме да се игра добар фудбал, добар стил на фудбал. Ние сме млад тим, имаме доста млади играчи, но тоа ми се допаѓа и најважната работа во моментот е да им се помогне да пораснат, да се подобрат и потоа да видиме што може да се направи за да ги вклучиме во првиот тим“, истакна Валенти во својата прва изјава во Струмица.

Брера Струмица пред почетокот на новата сезона го ангажираше дефанзивецот Стефан Наумчевски.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Фудбал

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе