КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Избори пласман на ЕУРО, па си поднесе оставка

Јарослав Шилхавиј ја однесе Чешка на ЕУРО 2024 и веднаш си поднесе оставка на функцијата.

Чесите во последното коло извадија „виза“ за Германија со убедливата со 3:0 победа над Молдавија, директниот конкурент за пласман.

Давид Доудера во 14. минута, Томаш Хориј во 72. и Томаш Соучек во 90-тата погодија за Чесите за големо славје во Олмоуц и второ место во групата зад Албанија (двете репрезентации имаат по 15 бодови, но Албанија е подобра во меѓусебните дуели).

Чесите останаа без селекторот кој ден пред решавачкиот натпревар исфрли од тимот тројца фудбалери поради нарушување на дисциплината: Владимир Цоуфал, Јакуб Брабец и Јан Кухта, кои во саботата вечерта се забавувале во ноќен клуб.

„Притисокот беше огромен, понекогаш не го разбирав. Иако сме среќни, пред натпреварот јас и моите помошници решивме да не продолжиме да работиме во репрезентацијата. За ова го информирав претседателот на Асоцијацијата, Петр Фоусек. Притисокот беше огромен, тоа влијаеше на нашата одлука“, изјави Шилхавиј по пласманот на ЕУРО.

Шилхавиј е на чело на Чешка од 2018 година, а често беше критикуван поради неговиот стил на игра.

На жрепката за ЕУРО 2024, Чесите ќе бидат во третиот барабан заедно со Шкотска, Словенија, Словачка и веројатно со Швајцарија.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе