Синоќа во 22:23 часот во СВР Куманово било пријавено дека кај излезот за село Романовце, Кумановско, на автопат Скопје-Куманово, настанал пожар во три бараки, сопственост на Д.М. од село Миладиновци, Скопско, извести МВР.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, додаваат од МВР.
Увид ќе се врши во текот на денот.