Новата серија со добропознатите актери е наречена „And Just Like That“ според препознатливата реченица која Кери Бредшо често ја изговараше во култната серија, а ги следи животите на главните ликови кои се во своите 50-ти години и се обидуваат да направат баланс меѓу љубовниот живот, пријателството и кариерата.
Првите две епизоди ќе бидат прикажани на 9 декември. Секој нареден четврток ќе излегува по една епизода од вкупно 10, стои во најавата.
Серијата ги следи Кери(Сара Џесика Паркер), Миранда(Синтија Никсон) и Шарлот(Кристин Дејвис) во нивниот живот во 50-тите години. Обожавателите на серијата „Sex and the City“ не можат да се помират со фактот дека популарната Саманта нема да се појави во новите продолженија.
Погледнете го трејлерот: