Излезе првата епизода од серијалот „Успешни приказни“ на фондацијата на Заев

„Заев фондација - Едно општество за сите“ на поранешниот премиер Зоран Заев, ја објави првата епизода од онлајн серијалот наречен „Успешни приказни“.

„Серијалот на 'Успешни приказни' е моќна порака до сиот македонски народ и до сите граѓани, посебно до младите луѓе дека може да се биде успешен и во нашата држава. Овде е борбата. Овде се случува европеизација на државата. Овде се реформите што треба да ги правиме. Во Северна Македонија допрва ќе се крева економскиот стандард на граѓаните и ќе се унапредува животот на народот. Сите овие предизвици се поголеми дома и имаат поголемо вредносно значење за сите нас како граѓани на оваа држава. Во другите земји од Западна Европа, тоа е веќе постигнато. Затоа треба тука да работиме и вложуваме за наш личен успех, но и за успехот на државата и граѓаните. Со работниот и интелектуалниот капацитет и квалитетот кој го поседуваме може да се напредува и успева и дома. Тука се остава трага. Тука, дома, може да оставите свој личен печат“, стои во описот на серијалот.

Во првата епизода својата успешна приказна ја раскажува асс д-р Наталија Цоклеска-Шунтов, детски хирург во ЈЗУ „Клиника за детска хирургија“.

Remote video URL

Според описот на веб-страницата на Заев фондација, зад овој проект покрај поранешниот премиер стојат и неговиот брат Вице Заев и поранешниот министер за здравство, д-р Венко Филипче.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Култура

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Read more

Заспаната убавица од Чајковски на 15 мај на Мајските оперски вечери

Read more
 

Вести

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Читај повеќе

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе