Израелска студија: Четврта доза вакцина - недоволно добра против омикрон

Група научници во Ветената земја објави дека нивното истражување открило дека четвртата доза од постоечките вакцини против коронавирусот нуди многу слаба заштита против сојот кој забрзано се шири.

Истражувањето било направено во израелскиот медицински центар „Шеба“ во Тел Авив. На 154 волонтери вакцинирани со три дози Pfizer/BioNTech вакцината откри дека четврта доза од истата вакцината дава незначителна заштита од омикрон варијантата.

На друга група која вклучувала 120 волонтери исто така претходно вакцинирани со три дози Pfizer/BioNTech израелските научници им дале четврта доза од вакцината на Moderna. Но, нивниот имунолошки одговор бил сличен.

„Гледаме зголемување на антителата, повеќе се после третата доза. Сепак, имаме многумина инфицирани со омикрон кои имаат примено четврта доза. Вакцините се одлични против алфа и делта варијантите, но за омикрон не се доволно добри“, вели Гили Регев-Јочај, една од водечките истражувачи во Израел.

И покрај овие нови откритија, израелските здравствени власти од почетокот од месецов тераат со примена на четврта доза кај постарото население, оние со намален имунитет и медицинските работници. Само во неделата околу 500.000 луѓе примиле втора бустер доза, односно четврта после иницијалните две.

Иако истражувањето сѐ уште е во својата рана фаза, Регев-Јочај вели дека јавно ги објавила своите прелиминарци заклучоци поради „големиот интерес на јавноста“, ја цитира The Times of Israel. Таа потенцира дека давањето четврта доза на загрезената категорија граѓани и натаму останува најдобар пристап, но сугерира дека бустер кампањата мора да се ограничи на постара група на луѓе отколку на сегашната, која важи за лица над 60 години.

Двете СЗО и ЕМА предупредија на преголема употреба на бустер дози, поради различни причини. За СЗО поважна е што порамномерна распределна на вакцини низ светот, со оглед на тоа што одредени држави веќе отидоа напред со трета и четврта доза, додека некои од посиромашните едвај вакцинираат со прва доза. Во меѓувреме, ЕМА посочи на потенцијалните несакани ефекти од бустер дозите, предупредувајќи дека ревакцинациите за краток временски период може да резултираат со „проблеми во имунолошкиот одговор“.

Израел, која важи за највакцинираната земја во светот, стана првата која почна да применува четврта доза откако бројот на заразени драстично се зголеми поради омикрон варијантата. Смртните случаи и хоспитализацијата само малку се покачија во последните месеци, но тоа е поради она што сите и го тврдат - дека омикрон предизвикува полесна болест отколку претходните мутации.

И покрај предупредувањата од светските здравствени експерти, Чиле, Данска и Унгарија почнаа да го следат примерот на Израел и започнаа вакцинација со четврта доза, додека властите во Австрија донесоа одлука за препорака за вакцинација на медицинските работници.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе