Извештај на Стејт департментот за човековите права во Северна Македонија за 2021

Американскиот Стејт департамент во извештајот за човековите права во Северна Македонија за 2021 година, нотира случаи на несоодветно однесување и лоши услови во затворите, закани кон новинари, корупција и родово и семејно насилство. Се посочува и дека властите презеле чекори за откривање и санкционирање на функционери вмешани во злоупотреби и корупција.

– Значајните прашања за човековите права вклучуваат веродостојни извештаи за нечовечки и понижувачки услови и тешка пренатрупаност во некои затворски одделенија, насилство и закани за насилство врз новинари, случаи на сериозна владина корупција, недостаток на одговорност за родово и семејно насилство и за злосторства кои вклучуваат насилство и закани за насилство насочени кон лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, квир или интерсексуални лица, се наведува во Извештајот.

Стејт департментот истакнува и дека Владата презела чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или учествувале во корупција.

Народниот правобранител, стои во Извештајот, „веруваше дека полициската неказнивост и понатаму е проблем, но во помала мера отколку во минатото“.

– Националната полиција ја одржува внатрешната безбедност, вклучително миграцијата и спроведувањето на границите, и известува во Министерството за внатрешни работи. Цивилните власти одржуваа ефективна контрола над безбедносните сили. Припадниците на безбедносните сили извршиле некои злоупотреби, вклучително и прекумерна употреба на сила од страна на полицијата и затворските чувари, се вели во извештајот.

Во однос на парламентарните избори кои се одржаа во 2020 година, Извештајот ги окарактеризира изборите како „вистински конкурентни“ и покрај, како што се наведува, ограничената способност на политичарите да спроведат достапност за време на пандемијата

– Во својата прелиминарна изјава за парламентарните избори во јули 2020 година и конечниот извештај во октомври 2020 година, Канцеларијата за демократски институции и човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа забележа дека изборите „генерално биле спроведени ефективно во услови на прилагодувања како одговор на пандемијата COVID-19, но правната стабилност беше поткопана со суштинските ревизии на изборниот законик и последователните ад хок регулативи донесени за време на вонредната состојба“, стои во извештајот на Стејт депратментот на САД.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе