James Webb ѕирна во тајните на настанувањето живот на планетите

Преку набљудувањето на молекуларните облаци со помош на камерите од вселенскиот телескоп James Webb, научниците веруваат дека ќе откријат како настануваат планетите кои се погодни за живот.

Составени од замрзнати молекули на водород, гасови и прашина, молекуларните облаци се местото каде што се раѓаат ѕвездите и планетите. И најмногу оние каде што е возможен живот. Тим од научници кои ги проучуваат овие типови облаци сега ги користеа инфрацрвените камери на вселенскиот телескоп James Webb за да ѕирнат во една наречена Камелеон I, која се наоѓа на 500 светлосни години од нас.

Во Камелеон I забележале замрзнати молекули на карбонил сулфур, амонијак, метан, метанол и други, што сугерира дека еден ден од нив ќе се формира жешко јадро на ѕвезда или дел од егзопланета. Она што е особено интересно е дека нивната температура била -263 степени Целзиусови и дека содржат елементи неопходни за создавање на светови каде што може да се развие живот - т.е. молекуларен коктел познат како COHNS.

„Нашите резултати даваат увид вои почетната темна хемиска фаза од формирањето мраз на муѓуѕвездените зрнца прашина која ќе прерасне во каменчиња со големина на сантиметар од кои се формираат планети“, објаснува авторката на студијата, Мелиса Меклур од Лејден, опсерваторија во Холандија.

URL

Таа и нејзиниот тим, исто така, идентификувале некои посложени молекули за кои не знаат која е нивната улога и засега можат само да понудат објаснување во форма на хипотеза дека најверојатно се формирани во молекуларни облаци, пред ѕвездата во зародиш да ги искористи за нејзиниот раст.

Сепак, прашањето кое за астрономите и натаму останува отворено е како некои населливи светови - како нашиот - добиваат свој коктел COHNS и дали во тој процес одредена улога играат кометите и астероидите.

„Ова е само прва во низата спректрални снимки на основа на која гледаме како мразот еволуира од почетната синтеза до регионот на протопланетарни дискови кои ги формираат кометите“, вели Меклур. Ова ќе ни каже која мешавина од мраз и елементи може да биде испорачана на површината од егзопланета од земјин тип или вградена во атмосферата на џиновските гасни ледени планети“.

Истражувањето е објавено во магазинот Nature Astronomy.

Тагови
реклама

Наука

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Read more

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Read more

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more
 

Гик

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе

Tи се игра „змија?“

Читај повеќе

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе