Јапонија сака да искористи „неограничен“ извор на енергија во океанот

Длабоко под површината на морето се наоѓа извор на енергија кој се разликува од сите други.

За да го искористат, јапонски научници конструираа огромна турбина која може да ги издржи најсилните океански струи за да го претвори протокот во речиси неограничено напојување со електрична енергија.

Ishikawajima-Harima Heavy Industries, позната и како IHI Corporation, ја проучува оваа технологија повеќе од една деценија, а во 2017 година стана партнер со Организацијата за развој на нова енергија и индустриска технологија (NEDO).

Експертите го завршија тестирањето на прототипот во февруари, кое траеше повеќе од три години. Прототипот тежок 330 тони го доби името Kairyu, што може да се преведе како - океанска струја.

Kairyu се состои од труп долг 20 метри, опкружен со пар цилиндри со слична големина, секој од нив содржи систем за генерирање енергија во кој се сместени пропелери долги 11 метри. Кога е закотвена на дното на океанот, турбината може да бара најефикасна позиција за да генерира енергија од притисокот на океанските струи.

Курошио струја

Тестирањето покажа дека оваа турбина може да ги генерира очекуваните 100 киловати стабилна енергија и компаниите сега планираат да го зголемат системот на цели 2 мегавати, што би можело да се најде на пазарот веќе во 2030-тите, пишува Bloomberg.

Турбината беше тестирана во водите на југозападниот брег на Јапонија. Во комерцијалното производство, планот е да се инсталираат енергетски турбини Курошио, една од најсилните во светот, и да се пренесе енергијата до каблите на морското дно.

Јапонија во голема мера се потпира на увозот на фосилни горива. Со оглед на негативниот став на јавноста кон користењето на нуклеарната енергија по катастрофата во Фукушима во 2011 година, оваа земја сè повеќе се обидува да се фокусира на користењето на обновливи извори на енергија.

За жал, поради големите планински области и нејзината локација, Јапонија нема многу опции за поставување фарми со ветерници или полиња со соларни панели. Но, има многу крајбрежни води и струи. Имено, на исток се наоѓа вителот на Тихиот Океан. На местото каде што овој вител се сретнува со Јапонија, се создава релативно силна струја наречена Курошио.

IHI проценува дека во случај на успешно „собирање“ енергија би можело да се произведат 205 гигавати електрична енергија, што практично би било доволно за голем дел од енергетските потреби на земјата, наведува Science Alert.

Неограничен извор на енергија?

Но, овој одличен извор на енергија е многу тежок за користење. Најбрзите струи се блиску до површината, каде тајфуните лесно можат да ги уништат постројките. Затоа, турбината Kairyu е дизајнирана да лебди приближно 50 метри под површината. При струја од приближно еден до два метри во секунда, се покажа дека Kairyu може да произведе 100 киловати моќност.

Во споредба со просечната копнена ветерна електрана која произведува 3,6 мегавати, оваа енергија може да изгледа како искра. Но, проектот оди подалеку и турбината Kairyu наскоро треба да го добие својот наследник, вистинско чудовиште кое ќе врти пропелери долги 20 метри за да генерира 2 мегавати.

И покрај огромниот интерес за овој релативно недоволно искористен обновлив извор на енергија, обидите да се соберат мегавати од плимата и осеката, брановите и океанските струи обично завршуваат со неуспех. Проблемот се високите инженерски трошоци, еколошките ограничувања, близината до крајбрежните области и слично.

Предизвик за IHI

Ако IHI Corp. успева да ги надмине сите овие тешкотии, океанската енергија потенцијално би можела да обезбеди 40 до 70 проценти од енергетските потреби на Јапонија. Но, таа има уште долг пат пред себе. Во споредба со копнените постројки, под вода е многу покомплицирано да се инсталира кој било систем.

„За разлика од Европа, која има долга историја на екстракција на нафта во Северното Море, Јапонија имаше мало искуство во изградбата на морските постројки. Постојат големи инженерски тешкотии и предизвици. Систем доволно силен да ги издржи суровите услови на океанските струи и таму без големи трошоци за одржување“, рече експертот за океанска технологија Кен Такаги од Факултетот за погранични науки во Токио.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе