НБА 2022/2023

Јокиќ и Нагетс го прегазија Феникс и изборија конференциско финале

Кошаркарите на Денвер Нагетс се пласираа во полуфиналето на плеј-офот откако во серијата го совладаа Феникс Санс со 4-2. Дуелот беше решен ноќеска со убедливата победа на Нагетс од 125:100, а Никола Јокиќ повторно доминираше.

Српскиот центар забележа нов трипл-дабл (32 поени, 12 асистенции, 10 скокови) и уште еднаш на сите им покажа зошто е еден од најдобрите НБА кошаркари.

URL

Нагетс имаат уште една серија пред борбата за прстен, односно го чекаат победникот од дуелот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт, а таму е 3-2 за тимот од Лос Анџелес.

Шестиот натпревар утринава беше завршен уште во првата четвртина кога Нагетс водеа со 44:26, а на полувремето имаа дури 30 поени разлика.

URL

Второто полувреме беше чиста формалност, Денвер ја контролираше играта на паркетот за да дојде до рутински триумф.

Покрај Јокиќ, во победничкиот тим се истакнаа Џамал ​​Мареј (26 поени) и Кентавиус Колдвел-Поуп (21), а на другата страна најдобри беа Камерон Пејн (31) и Кевин Дурент (23).

Remote video URL

Инаку, Денвер вака го повтори својот најдобар успех и по 1978, 1985, 2009 и 2020 година повторно ќе играат за големото финале.

Во источното полуфинале помеѓу Филаделфија 76ерс и Бостон Селтикс ќе се игра мајсторка откако 76ерс не ја искористија предноста на домашниот терен и загубија пред своја публика со 86:95, со што гостите од Бостон израмнија на 3-3 во партии.

Пиров беше дабл-даблот на Камерунецот Жоел Ембиид од 16 поени и 10 скокови, како и 26-те поени на Тајрис Макси, бидејќи немаа поддршка од останатите. Кај Бостон некако должностите беа добро распределени па Маркус Смарт уфрли 22 поена, Џејсон Тејтум 19, Џејлен Браун 17, а Малколм Брогдон 16.

Remote video URL

Одлучувачкиот натпревар ќе се игра во „ТиДи Гарден“ арената во Бостон в понеделник рано сабајлето од 1:30 чаост по македонско време.

Резултати:

Филаделфија 76ерс - Бостон Селтикс 86:95 (3-3 во партии)

Феникс Санс - Денвер Нагетс 100:125 (2-4 во партии)

реклама

Кошарка

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе